
39 годишен кумановец го претепал својот малолетен син, пукал и со воздушна пушка
На 15.06.2023 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(39) од Куманово затоа што во семејната куќа во Куманово физички го нападнал својот малолетен син и притоа пукал од воздушна пушка.
С.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

