Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 35 екс и актуелни градоначалници не кажуваат дали и колку се збогатиле од функциите – меѓу нив и Арсовска, Ѓорѓиевски, Јанчев…
Македонија

35 екс и актуелни градоначалници не кажуваат дали и колку се збогатиле од функциите – меѓу нив и Арсовска, Ѓорѓиевски, Јанчев…

17/12/2025

AA

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврдила дека вкупно 54 поранешни и актуелни градоначалници не ја исполниле законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси, по што ќе бидат покренати прекршочни постапки.

Како што соопшти Антикорупциската комисија, 35 лица не доставиле изјава за имотна состојба по престанокот на градоначалничката функција, додека 19 новоизбрани градоначалници не ја поднеле изјавата во законскиот рок од 30 дена по изборот на функцијата на Локалните избори 2025 година.

На списокот се наоѓаат и поранешната градоначалничка на Скопје Данела Арсовска, како и нејзиниот наследник Орце Ѓорѓиевски, кој се појавува во двете категории – како поранешен градоначалник на Кисела Вода и како новоизбран градоначалник на Скопје. Во двете категории се и ново-стариот градоначалник на Бутел Дарко Костовски, како и Андон Сарамандов од Гевгелија, Кутро Дудуш и други. Изјава по завршувањето на мандатот не доставил и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Од ДКСК информираат дека состојбата е констатирана по извршена проверка во регистарот на имотна состојба и интереси, а за сите лица кои не ја испочитувале законската обврска ќе бидат издадени прекршочни платни налози.

„Комисијата ќе продолжи да ја следи состојбата и за оние кои и понатаму нема да достават изјави, ќе бидат иницирани постапки за проверка на нивната имотна состојба и интереси“, соопштуваат од ДКСК.

Согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, глобата за непријавување на имотна состојба за избрани и именувани лица изнесува од 300 до 500 евра во денарска противвредност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy