34 годишен татко на две деца е загинатиот на градилиштето во Кисела Вода
Триесет и четиригодишен маж од Крива Паланка, татко на две малолетни деца, е жртвата во тешката несреќа која вчера се случи на градилиште во скопската општина Кисела Вода. Трагедијата се случила при ископ на темели на улицата „Козјак“, кога земјата се урива врз група работници.
Според официјалните информации од СВР Скопје, инцидентот бил пријавен вчера наутро во 08:17 часот. На местото на настанот веднаш интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полицијата.
Јавното обвинителство веќе издаде наредба за обдукција на телото на починатиот за да се утврдат точните причини за смртта. Паралелно со обвинителството, на терен работат и неколку инспекциски служби:
Истражните органи треба да одговорат дали несреќата е последица на непочитување на безбедносните протоколи за работа на градилишта.