Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 3.69 просечна оцена на државната матура
Македонија

3.69 просечна оцена на државната матура

05/08/2025

AA

Со просек повисок од ланскиот, матурантите го завршија полагањето на државната матура во јунскиот рок во учебната 2024-2025 година. Голем дел од учениците испитите ги полагаа во амфитеатри и предавални во најблиските факултетите и не беа евидентирани масовни прекршувања на правилата како во минатото. 

За новините во начинот на организација годинава и резултатите од државната матура, денес прес конференција одржаа министерката за образование и наука проф. д- р Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Михајловска, кои упатија благодарност до сите што придонесоа за успешноста на процесот. 

„За полагање се пријавија 15.004 матуранти, а 3% од нив не се појавија на испит. Просечната оценка која ја постигнаа оние што полагаа е 3,69, што е значително подобрување од ланската, која изнесуваше 3,26. По сите предмети имаме подобрување на постигнувањата и тоа сметам дека е плод на добрата подготовка на учениците и препораките кои ги дадовме до сите чинители на процесот“, рече Јаневска. 

Министерката информираше дека не биле евидентирани препишувања како во изминатите години кога цели групи по илјада, две илјади ученици, организирани најчесто преку апликации за комуницирање и со користење на мобилни уреди, имаа до збор идентични одговори. 

„Годинава 172 ученици се обидоа да се надмудруваат со системот, ризикуваа и си го одложија завршувањето на средното образование. Следното полагање започнува во вторник на 12 август“, информираше Јаневска. 

Директорката на Државниот испитен центар, Михајловска информираше дека по однос на резултатите биле поднесени 507 приговори, а 75 ученици извршиле увид во тестовите. 

Просечниот успех по мајчин јазик е 3,68, за разлика од лани кога изнесуваше 3,37. Просечната оценка по англиски јазик е зголемена од 3,06 на 3,65. Постигањата по математика изнесуваат 4,14 и се подобри од ланските 3,73. Учениците кои полагаа француски јазик остварија просечна оценка од 4,67, повисока од ланската 4,47. По германски јазик просечната оценка е 4,42, за разлика од јуни 2024 година кога изнесуваше 4,33. По естетика просекот е 4,93 и е повисок од ланскиот 4,63. Учениците по филозофија постигнаа просечна оценка 3,71. 

Јаневска и Михајловска им честитаа на матурантите кои успешно го завршија полагањето и стекнуваат диплома за продолжување во високо образование или за вклучување на пазарот на трудот. Останатите имаат можност да полагаат мајчин јазик на 12 август и странски јазик, математика, естетика и филозофија на 14 август. Полагањето на интерните испити е од 15 до 20 август, а проектната задача треба да ја одбранат во периодот од 19 до 26 август. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy