Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И денеска дожд и грмежи: Еве кога се враќаат летните горештини
Македонија

И денеска дожд и грмежи: Еве кога се враќаат летните горештини

05/08/2025

AA

Иако календарски е длабоко навлезен август, нестабилното и свежо време и понатаму ја обележува атмосферата во Македонија. Денеска не очекува променливо облачно и нестабилно време, со појава на локални врнежи од дожд, грмежи, а на места и краткотрајно невреме, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури се движеа од 12 до 19 степени, додека максималните ќе се движат од 24 до 29°C. Најголема нестабилност се очекува попладне, кога се предвидува засилен развој на облачност, пороен дожд, грмежи, силен ветер, а можно е и врнежи од град во поединечни подрачја.

Во некои делови од земјата може да дојде до нагли атмосферски промени, со локализирани бури и пороен дожд што за кратко време ќе донесе обилен воден талог. Возачите и граѓаните се повикуваат на внимателност, особено во периодот по 14 часот, кога е најголема веројатноста за појава на нестабилности.

Главниот град нема да биде поштеден. Во Скопје ќе преовладува променливо и нестабилно време, со периодични врнежи и можност за грмежи. Највисоката температура ќе достигне до 27 степени, а минималната се движеше околу 16°C. Локални услови за град и засилен ветер не се исклучуваат.

Нестабилноста е резултат на циклонален систем над Балканот, кој според прогнозите, ќе го изгуби влијанието од среда навечер. Според УХМР, вторник и среда ќе бидат последните денови со изразена нестабилност. Веќе од четврток, 7 август, не’ очекува стабилно, сончево и сè потопло време.

Температурите ќе почнат значително да се зголемуваат – до крајот на неделата ќе достигнат над 33°C, особено во јужните и југоисточните региони, каде се очекуваат и тропски ноќи.

Почнувајќи од петок, Македонија влегува во период на вистински летни горештини. Времето ќе биде сончево, стабилно, со дневни температури од 34 до 36 степени, а УВ индексот ќе биде висок, па се препорачува заштита од сонце и редовен внес на течности.

Стабилното и топло време ќе продолжи и во првите денови од наредната недела. Според моменталните прогнози, до средината на август нема поголеми промени на времето, освен евентуални краткотрајни попладневни нестабилности во планинските предели.

Иако денеска времето е непредвидливо, од четврток нè очекува стабилно и топло време, погодено за одмори, патувања и активности на отворено. Денес, сепак, се препорачува претпазливост, особено попладне, кога е можно невреме со грмежи и силен дожд.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy