Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 25 години ЕКОТИП: Иновативни решенија за чиста, здрава и зелена иднина
Македонија

25 години ЕКОТИП: Иновативни решенија за чиста, здрава и зелена иднина

15/09/2023

AA

За својот 25-годишен јубилеј, македонската компанија ЕКОТИП воспостави стратешко партнерство со Aquaporin – водечка светска компанија за иновативни системи за филтрација на вода, кои се базираат на откритие наградено со Нобеловата награда, а чија технологија ја користат НАСА и Европската вселенска агенција. Стратешкото партнерство со ЕКОТИП го поздрави и Петер Холме Јансен, основач и главен иновациски директор на Aquaporin, кој за оваа прилика специјално допатува во Скопје.

Ова најново стратешко партнерство му овозможува на ЕКОТИП да ги понуди на домашниот пазар, како и во уште 30 други земји, овие иновативни технолошки решенија кои се тестираат во вселената, од страна на астронаути во Меѓународната вселенска станица, а наоѓаат широка примена во многу индустрии и во домовите на луѓето низ целата планета.

„Околу 70% од површината на Земјата е покриена со вода, но помалку од 1% од неа е безбедна за пиење… и ситуацијата се повеќе се влошува. Нашата најважна компаниска мисија е преку стратешките партнерства што ги развиваме со водечките светски високо-технолошки гиганти да понудиме иновативни решенија кои ќе помогнат во зачувување на највредните природни ресурси, меѓу кои секако е водата. Среќни сме и особено горди што првите 25 години од нашето постоење ги заокружуваме со уште едно значајно стратешко партнерство, како што е ова со Aquaporin, кое ни овозможува да го направиме светот почисто и поздраво место за живеење“, изјави основачот на ЕКОТИП, Илија Андреевски.

Покрај во областа на филтрација на вода и останати течности, преку иновативниот пристап, соработката и стратешките партнерства со реномирани светски hi-tech компании, во изминатите 25 години ЕКОТИП успеа да се позиционира како водечка домашна компанија која нуди најсовремена опрема, системи и софистицирани технолошки решенија и во области како се: производство на електрична енергија од сонцето (фотоволтаици), филтрација на воздух, заштита при работа и други, како и во производството на храна и пијалаци, медицината, фармацијата, автомобилската, металната индустрија и микоелектрониката.

Упатувајќи голема благодарност кон сите партнери, вработени и клиенти кои имаа одлучувачка улога за развојот на ЕКОТИП во изминатите 25 години, Андреевски порача: „Следните 25 години имаат огромен потенцијал за нашите партнерства. Стоиме на работ на ера на големи промени и иновации во која одржливите решенија и технолошкиот напредок ќе ги обликуваат нашите животи. Ние го знаеме патот и ги имаме решенијата. Заедно ќе продолжиме да ги поместуваме границите на иновациите, обезбедувајќи ја најсовремената опрема што ги надминува сите очекувања. Нашата заедничка посветеност за грижата за животната средина и одржливоста ќе нѐ води напред, обезбедувајќи посветла и поздрава иднина за генерациите што доаѓаат“.

Инаку, специјален гостин на прославата на 25-от роденден на ЕКОТИП беше хрватскиот пејач и гитарист Дарко Рундек, познат на домашната јавност како фронтмен на еден од најпопуларните музички групи на сите времиња на овие простори – Хаустор и човек кој со својот животен стил и творештво ги дели истите вредности за одржлив развој како и луѓето што го сочинуваат ЕКОТИП.
Повеќе информации за ЕКОТИП се достапни на: ecotip.com.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy