Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 23 српски државјани бараат евакуација од Судан, шансата за излез е нула
Македонија

23 српски државјани бараат евакуација од Судан, шансата за излез е нула

20/04/2023

AA

Срби се „заглавени“ во Судан каде има воени дејствија. Евакуација од Судан бараат 23 српски државјани, а шансите за нивно извлекување се еднакви на нула. Тие сакаат да избегаат од главниот град Картум. Таму не е безбедно, а договореното примирје не се почитува.

„Од каде да се евакуираат? На тој аеродром нема каде да се слета. Се пука насекаде. Три пати објавуваат примирје до кое не се придржуваат“, вели почесниот конзул на Србија во Судан, Ахмед Муфти за Н1.

Рече дека засега нивното извлекување е невозможна мисија.

„Ги разгледуваме сите можности да ги евакуираме нашите државјани во соработка со другите амбасади и дипломатски претставништва. Во контакт сме со Обединетите нации, Европската Унија, за кога тие ќе го евакуираат својот персонал, да бидеме вклучени и ние“, изјави почесниот конзул.

Аеродромот во Картум е целосно уништен и кон него се пука веќе петти ден. Муфти објаснува дека странците, меѓу кои и српските државјани, генерално живеат во околината на аеродромот кој се наоѓа во центарот на градот. Нема ниту вода ниту струја, а се трошат и резервите со храна, но и горивото за генераторите за струја.

Жестоките борби во Судан се водат меѓу суданската армија, на чие чело е генералот Абдел Фатах ал-Бурхан и паравоените сили за брза поддршка (РСФ), предводени од генералот Мохамед Хамдан Дагало. Двајцата генерали претходно ги здружија силите за да го соборат диктаторот Омар Хасан ал-Башир во 2019 година.

Силите за брза поддршка и суданската војска се натпреваруваат за моќ додека политичките фракции преговараат за формирање преодна влада по воениот удар во 2021 година. По соборувањето на Ал-Башир со Судан управува Советот на генерали. Во судирите досега загинаа 330 луѓе. Алтернативниот грчки министер за надворешни работи Милтијадис Варвициотис призна дека владата на Нова демократија дала дозвола за извоз на нелегалниот шпионски софтвер „Предатор“ во Судан, кој сега се соочува со граѓанска војна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy