
23-годишен возач удри 11-годишна девојче на булевар во Скопје – тешко повредена
На 5 август 2025 година, во 22:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило марка „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Ф.Ф. од Скопје, удрило во 11-годишна малолетничка.
Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.
