
22-годишниот Ангел кој се лекуваше во Атина, попладнево се врати во Македонија!
Попладнево на аеродромот во Скопје пристигна вториот пациент кој се лекуваше во странство.
Се работи за 22 годишниот Ангел, кој го пречекаа министрите за здравство Арбен Таравари, и на надворешни работи, Тимчо Муцунски.
„Топло добредојде на Ангел, вториот пациент, кој попладнево пристигна од болницата во Атина му посакаа министрите Таравари и Муцунски. Согласно медицинскиот протокол, после 24 часовен престој на клиника и по направени токсиколошки испитувања, се очекува тој утре да биде пуштен на домашно лекување. Му посакуваме брзо закрепнување и добро здравје“, велат од МЗ.
Вечерва се очекува да пристигнат уште четворица пациенти, кои беа на лекување во Шпанија.

