Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 📽️ 2026 ЌЕ БИДЕ ГОДИНА НА РАЗДВИЖУВАЊЕ, РАСТ И НА ПРЕОБРАЗБА Надеж и обврска да се испорачаат проекти, инвестиции и економско зајакнување
Македонија

📽️ 2026 ЌЕ БИДЕ ГОДИНА НА РАЗДВИЖУВАЊЕ, РАСТ И НА ПРЕОБРАЗБА Надеж и обврска да се испорачаат проекти, инвестиции и економско зајакнување

31/12/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски во ногогодишното обраќање истакна дека годината која ја испраќаме била година на сериозни предизвици, во која било неопходно да се направи стабилизација и консолидација, додека следната смета дека ќе биде година на раздвижување и на преобразба.

– Почитувани сограѓани, годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици! Година во која државата мораше прво да застане на нозе. После долг период на нестабилност, несигурност и на разнишани институции, беше неопходно да се направи стабилизација и консолидација. Тоа беше услов без кој не можеше да се оди понатаму –  рече премиерот.

Тој нагласи дека реформите што ги отпочнале не се козметички, туку се длабински и суштински.

– Таквите реформи бараат време, но тие се предуслов за функционална држава и здраво општество. Свесни сме дека за граѓаните најважно е како тоа се чувствува во секојдневниот живот – рече Мицкоски.

За следната година тој очекува реализација на значајни инфраструктурни проекти, економско зајакнување, нови инвестиции, поддршка за стопанството и отварање можности за работа и развој.

– Со право можам да кажам дека 2026 година ќе биде година на раздвижување и година на преобразба, година на раст, со реализација на значајни инфраструктурни проекти, година на економско зајакнување, со нови инвестиции, поддршка за стопанството и отварање можности за работа и развој. Година на вкупна преобразба на Македонија. Година на надеж, но и на голема обврска. Обврска да се испорачаат резултати. Обврска да се оправда довербата од граѓаните. Обврска да се продолжи по патот на реформи, развој и стабилност. На сите ви посакувам здравје, мир и сила. Да влеземе во 2026 година со верба дека напорната работа ќе се исплати и дека Македонија ја движиме во вистинската насока. Среќна нова година – порача премиерот Мицкоски во своето новогодишно обраќање.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026
Македонија

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44854
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026

На 03.08.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиja од слобода Д.П.(41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026

На 04.08.2026 во 07:10 часот во СВР Скопје, К.К.(60) пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Б.Ј.(64), двајцата од

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран со температури до 38 степени

04/08/2026

Во текот на следните две недели не очекува стабилно, сончево и исклучително топло време, со високи дневни и тропски ноќни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy