Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 20 стипендии годишно за македонски студенти во Унгарија
Македонија

20 стипендии годишно за македонски студенти во Унгарија

13/06/2025

AA

Македонските студенти ќе можат да користат 20 стипендии годишно за да студираат
во Унгарија на унгарски или на странски јазик. Приоритет ќе имаат апликанти кои
сакаат да студираат во областа на наука, технологија, инженерство и математика
(СТЕМ), како и медицински и здравствени науки и земјоделство.

Стипендиите ќе се доделуваат за редовни додипломски, постдипломски, едностепени
магистерски студии и за докторски студии. Исто така и за скратени студии од три до
десет месеци за стекнување академски кредити.

Меморандумот за разбирање со кој се регулира соработката во рамките на Програмата
Стипендиум Хунгарикум за периодот 2026–2028 година денеска го потпишаа
министерката за образование и наука Весна Јаневска и унгарскиот министер за
надворешна политика и трговија Петер Сијарто.

Меморандумот предвидува студентите да добиваат платена школарина, сместување во
студентски домови во кампусот на високообразовната институција или средства за
покривање на трошоците за сместување, право на здравствени услуги, користење на
бесплатни библиотечни услуги, како и месечен надоместок за покривање на основните
трошоци.

Министрите Јаневска и Сијарто се согласија дека потпишувањето на Меморандумот ги
потврдува и јакне пријателските односи меѓу двете земји и ја унапредува соработката
во областа на високото образование, во интерес на развој на општество базирано на
знаење.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy