
20 метри огревни букови дрва исечени во Националниот парк „Шар Планина“
На 23.02.2026 во периодот од 14:30 до 15:30 часот во с.Јеловјане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид по претходна пријава од вработен во Национален парк „Шар Планина“ дека бесправно биле исечени 20 метри кубни огревни букови дрва.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
