Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 20 години затвор му се закануваат на Васил кој ја прегази Фросина на пешачки премин на „Партизанска“
Македонија

20 години затвор му се закануваат на Васил кој ја прегази Фросина на пешачки премин на „Партизанска“

28/03/2025

AA

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Во рок од два месеци од трагичниот настан, надлежниот јавен обвинител ги прибра сите докази и вештачења кои укажуваат дека обвинетиот го сторил ова најтешко дело против безбедноста во сообраќајот за кое е запретена максимална затворска казна до 20 години.

Согласно доказите, на 29 јануари, 15 минути пред полноќ, обвинетиот, без воопшто да поседува возачка дозвола,  управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственост на неговиот татко.

Не се придржувал кон прописите и со тоа свесно го довел во опасност животот на луѓето. Автомобилот го управувал под дејство на алкохол, односно со 0.80 промили алкохол во крв, но и со брзина на движење од 91 km/h што е речиси двојно поголема од дозволената.

Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата меѓу булеварот “Партизански одреди” и улицата “29-ти Ноември“ продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот кој сигнализирал забрана за минување и со предниот лев дел од возилото кое го управувал удрил во  телото на пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на обележан пешачки премин и зелено светло за пешаци.

Од силата на ударот, оштетената се издигнала во воздух и удрила во семафор, поставен на разделното пешачко стојалиште, па се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на лице место.

Во конкретниот случај постојат околности што го оправдуваат стравот на опасност од бегство и основан страв дека ќе го повтори кривичното дело. Дополнително, имајќи ја предвид возраста на обвинетиот, објектот на заштита, сериозноста и тежината на кривичното дело и другите факти, јавниот обвинител процени дека се уште опстојуваат законските основи поради кои на обвинетиот му беше определена мерка притвор, па од Судот побара притворската мерка да биде продолжена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО РАДОВИШ ПОТПАЛИЛЕ АВТОБУС Подолго време бил паркиран

26/01/2026
Македонија

ФФМ: Собрание без кворум и без организатори – сериозен пропуст

26/01/2026
Македонија

Сведоштво на Тоше Трендафилов: „Црн чад, жештина и хаос –

26/01/2026
Македонија

„Сејф Сити“ пред Уставен суд – Села: Ги крши правата

26/01/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ МУ ПРОДАЛ НА МИГРАНТ ОД КАМЕРУН ФРАНЦУСКА ЛИЧНА КАРТА

26/01/2026
Македонија

Малолетници предизвикале пожар на автобус во Радовиш

26/01/2026
Македонија

Сведоштво на Иван Данаилов: Малолетници, без фискални сметки и паника

26/01/2026
Македонија

Филипче на Националниот совет за евроинтеграции: „Властa ја стопира европската

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40629
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО РАДОВИШ ПОТПАЛИЛЕ АВТОБУС Подолго време бил паркиран во училишниот двор

26/01/2026

Двајца малолетници синоќа во Радовиш со запалка запалиле автобус кој бил паркиран во дворот на ОУ „Крсте Петков Мисирков“, соопштија

ФФМ: Собрание без кворум и без организатори – сериозен пропуст во ОФС Кичево

26/01/2026

Вонредното изборно собрание на Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Кичево, закажано за 23 јануари во Кнежино, не се одржа поради недоволен

Сведоштво на Тоше Трендафилов: „Црн чад, жештина и хаос – луѓе се газеа еден врз

26/01/2026

Сведокот Тоше Трендафилов во своето сведоштво за пожарот во дискотеката „Пулс“ изјави дека објектот претходно бил реновиран и визуелно изгледал

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy