Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 18 години од заминувањето на Тоше: Крушево ги пречека маратонците со 500 рози
Македонија

18 години од заминувањето на Тоше: Крушево ги пречека маратонците со 500 рози

16/10/2025

AA

Со 500 рози, тага и сеќавања, крушевчани денеска ги пречекаа 12-те ултрамаратонци кои пристигнаа во Крушево – на Гумење, кај вечното почивалиште на Тоше Проески, македонската и балканска музичка легенда, големиот човек и хуманитарец.

Маратонците, по 18-ти пат – колку што години поминаа од смртта на Тоше, го започнаа својот пат од Нова Градишка во Хрватска, местото каде што тој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година.

„На 13 октомври во 17 часот стартувавме од Нова Градишка. Патот долг 900 километри денеска заврши овде, во Крушево, на Гумење. Сè е во чест на нашата и балканска ѕвезда – големиот Тоше Проески. Благодарност до сите маратонци, за нивната пожртвуваност и борба со километри асфалт. Пораката е да го следиме патот на Тоше – ангелот на земјата, кој денес е ангел на небото“, изјави ултрамаратонецот Наум Капричевски.

Најстариот учесник, 73-годишниот Ангел Малинов од Загреб, учествуваше по четврти пат.

„Ова е само и единствено за Тоше. Не можам ништо повеќе да кажам“, рече емотивно Малинов.

Најмладиот учесник, деветгодишниот Даријан Капричевски, за првпат беше дел од маратонот.

„Сакам сите да го слушаме Тоше и да ги следиме неговите пораки“, изјави малиот Даријан.

На Гумење се собраа почитувачи на делото на Тоше од цела Македонија, но и од балканските и европските земји.

„Во Словенија го слушаме Тоше секојдневно. Ќерка ми ги пее неговите песни. Тој беше човек со големо срце и го сакаме многу“, вели Неа Порович од Словенија.

Од Црна Гора пристигна пејачот Стеван Феди, првиот претставник на својата земја на Евровизија – една година по настапот на Тоше.

„Ќе бидам искрен – како Тоше нема да се роди долго време на овие простори. Прекрасно е што секоја година се собираме преку музиката за да му оддадеме почит. Тој остави белег и во мојот живот, и во животот на моето дете. Убаво е што се негува културата и уметноста што тој ја симболизираше – како голем уметник и уште поголем човек“, рече Феди.

Во Крушево и Битола денеска се одржува и фестивал со учесници кои ги изведуваат песните на Тоше.

„Минатата година за првпат го организиравме меѓународниот натпревар ‘Песните на Тоше Проески’. Тогаш беше во Скопје, во Македонската опера и балет, а оваа година фестивалот се одржува во Крушево – градот на Тоше, и во Битола, каде што учеше во средното музичко училиште. Имаме 16 учесници на возраст од 7 до 38 години од Македонија, Србија, Бугарија, Словенија, Црна Гора, па дури и од Казахстан. Прекрасно е да се слушнат младите таленти како ги пеат неговите песни. Целта е да го продолжиме споменот за Тоше“, изјави Марјан Катароски, директор на „Естрада мултимедија центар“, организатор на фестивалот.

Посетителите денеска го посетија и Спомен-домот „Тодор Проески“ на Гумење. Со повеќе од 1.000 експонати поврзани со животот и делото на Тоше, овој музеј е меѓу најпосетуваните во регионот – со повеќе од еден милион посетители досега.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
Македонија

Одложени блокадите на границите кон Македонија: Бугарија бара дијалог наместо

19/06/2026
Македонија

Времето стабилно за викендов – попладне нестабилност со пороен дожд

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43833
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското

19/06/2026

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) го потврди првиот регистриран случај на зика вирусна инфекција во Македонија. Станува збор за македонски

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на терен

19/06/2026

Пожар избувна денеска на дива депонија покрај железничката пруга во скопската населба Долно Лисиче. Како што информира Центарот за управување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy