Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 17-годишник кој ги убил родителите планирал атентат на Трамп
Македонија

17-годишник кој ги убил родителите планирал атентат на Трамп

14/04/2025

AA

Седумнаесетгодишник од Висконсин, обвинет за убиство на своите родители, планирал атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, стои во судски документ на ФБИ.

Минатиот месец, Никита Касап (17) од Ваукеша беше обвинет за убиство на својата мајка, 35-годишната Татјана Касап, и на својот очув, 51-годишниот Доналд Мајер, а исто така е обвинет дека живеел со нивните тела две недели. Истражителите сега тврдат дека младиот човек планирал и убиство на претседателот.

ФБИ го обвинува Касап за заговор, обид за атентат врз претседателот и обид за употреба на оружје за масовно уништување.

Според ФБИ, истражителите при претрес на уредите на Касап пронашле „манифест“ во кој се повикува на атентат врз претседателот со цел предизвикување расна војна и создавање хаос.

Екстремистичка идеологија и конкретни планови

Касап ги споделувал своите планови со други лица на ТикТок и Телеграм, а се идентификувал како следбеник на Order of the Nine Angles, група која ФБИ ја опишува како неонацистички култ што „пропагира насилство и тероризам со цел уривање на властите и уништување на модерната цивилизација“.

Според документите на ФБИ, Касап веќе делумно платил за „дрон со механизам за испуштање товар“, со кој планирал да фрла експлозиви, молотови коктели или силен отров врз цели.

„Убиството на родителите очигледно било обид да се обезбедат финансиски средства и слобода потребна за спроведување на неговиот план“, се вели во изјавата под заклетва.

Апсење и обвиненија

Касап бил уапсен на 28 февруари, откако поминал на знак „стоп“ додека го возел очувовиот „Фолксваген Атлас“ во ВаКени, Канзас, оддалечен речиси 1300 километри од неговиот дом во Висконсин. Во автомобилот биле пронајдени очувовиот пиштол Smith & Wesson 357 Magnum, личните документи на жртвите и чаури.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy