
-17 е утрово низ Македонија
Наутро ведро, тивко и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност.
Во Скопје, сончево со мала облачност, тивко и студено.
До средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Најстудено ќе биде утре и вторник. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст
