Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 16 години затвор за Илија Панов за убиството на вонбрачната партнерка Сузана во Каварадци
Македонија

16 години затвор за Илија Панов за убиството на вонбрачната партнерка Сузана во Каварадци

02/12/2025

AA

Илија Панов, познат под прекарот Јапан, е осуден на 16 години затвор за убиството на својата вонбрачна партнерка Сузана, фемицид кој ја потресе македонската јавност.

Злосторството се случило помеѓу 20 и 22 јануари годинава во Кавадарци. Телото на 49-годишната жена било пронајдено на 22 јануари во нејзиниот дом на улицата „Ѓуро Салај“. Жртвата лежела во спалната соба зад вратата, а просторот бил целосно разфрлан, што укажувало на брутална расправија.

Трагичниот момент го открила нејзината ќерка, која, откако мајка ѝ не одговарала на телефонски повици, решила да дојде во станот и наишла на хорор-сцена која го потресе градот.

Жителите на Кавадарци истакнуваа дека Сузана водела тежок живот, исполнет со социјални и здравствени предизвици, додека за Панов зборуваа дека долги години имал проблеми со зависност и проблематично однесување.

Обвинителството соопшти дека Панов, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот својата партнерка. Според обвинителниот акт, тој свесно ѝ го затворил носот и устата, предизвикувајќи механичко задушување. Обдукцијата потврдила овие наоди, а ДНК траги биле најдени под ноктите на жртвата. Панов се обидел да создаде алиби и тврдеше дека не бил во домот во критичниот момент, но во исказите бил констатиран висок степен на лага.

За ова дело, законот предвидува максимална казна доживотен затвор, но судот денеска го осуди на 16 години затвор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Денеска ќе биде погребан актерот Гоце Тодоровски

28/07/2026
Македонија

Град Скопје најави нова авионска дезинсекција – еве кога ќе

28/07/2026
Македонија

Општина Прилеп апелира: Не користете вода од овие две јавни

28/07/2026
Македонија

Засилен сообраќај кон Грција – на Богородица се чека околу

28/07/2026
Македонија

Акциска контрола во Кочани и Виница: 59 казни, тројца приведени

28/07/2026
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44706
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Денеска ќе биде погребан актерот Гоце Тодоровски

28/07/2026

Македонија денеска ќе му оддаде последна почит на истакнатиот актер Гоце Тодоровски, кој почина на 75-годишна возраст, оставајќи зад себе

Град Скопје најави нова авионска дезинсекција – еве кога ќе се прска против комарци

28/07/2026

Град Скопје најави нова авионска дезинсекција против возрасни комарци, која е планирана да се реализира на 30 и 31 јули,

Општина Прилеп апелира: Не користете вода од овие две јавни чешми

28/07/2026

Општина Прилеп ги предупреди жителите на селата Ореовец и Леништа дека водата од локалните јавни чешми не е здравствено исправна,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy