Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 151 милион евра лани граѓаните потрошиле во Нептун, Сетек, Техномаркет и Анхоч
Македонија

151 милион евра лани граѓаните потрошиле во Нептун, Сетек, Техномаркет и Анхоч

23/06/2023

AA

Минатата година, најголемите трговци во секторот бела техника и уреди за информатичка технологија, реализирале промет од 151 милион евра. Станува збор за пари оставени во Нептун, Сетек, Техномаркет и Анхоч. Една година пред тоа, односно во 2021 година, кога цената и на апаратите за бела техника, и на компјутерите, лаптопите и мобилните, беше пониска, прометот беше повисок. Но, не многу. Анализата на податоци што ја направи порталот Пари во соработка со БизнисМрежа.мк, покажува дека во овие четири синџири во 2021 година е направен вкупен промет од 154,7 милиони евра, или 3,7 милиони евра повеќе отколку во 2022 година. Но, затоа, имаше огромна разлика во добивките меѓу 2022 и 2021 година. Сите компании лани остварија речиси преполовена добивка, па така вкупната нето-добивка на анализираните компании беше нешто над 3,5 милиони евра, додека во 2021 година била околу 7 милиони евра. Оттука се наметнува и прашањето: Зошто е толкава разликата меѓу падот на приходите и падот на добивката?

ЗА НЕКОЛКУ ПРОЦЕНТИ НАМАЛЕН ПРОМЕТ И ПРЕПОЛОВЕНА ДОБИВКА

Причини за намалениот промет се намалената куповна моќ на населението со инфлацијата, но и неспоредливата 2021 година, кога имаше карантини и многумина работеа од дома, а настава на далечина имаше и за учениците и за студентите, па неминовен беше растот на купување опрема за информатичка технологија. Некои и од глобалните пазарни истражувања покажуваа дека за време на пандемијата раст имаше кај прометот на пижами, лекови и компјутери, но и бела техника, која поинтензивно се користеше за време на пандемијата.

Причини за намалената добивка беа: огромниот раст на цената на електричната енергија, како и растот на платите, со што се зголеми страна на компаниите.

Податоците покажуваат дека најголем пад и на приходите и на профитот има Нептун, но сепак, тој ја задржа првата позиција во однос на приходите што ги реализирал од продажбата. Таму, граѓаните лани оставиле 65,5 милиони евра. Во 2021 година бил реализиран промет од 69 милиони евра.

Втор по приходи реализирани од промет, но прв по добивка, лани бил Сетек. Таму граѓаните оставиле 51,5 милиони евра, што е 4 милиони евра помалку отколку во 2021 година. Во Техномаркет прометот тежел 18,2 милиони евра (во 2021 година бил 18,7 милиони евра), а во Анхоч 16 милиони евра (во 2021 година бил 16,5 милиони евра).

Приходи и добивки на трговци со бела техника и информатичка технологија (во евра)

СО ИСТ, ИЛИ СЛИЧЕН БРОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ, СЕ ПРАВЕЛЕ ДВОЈНИТЕ ДОБИВКИ ВО 2021 ГОДИНА

Анализата на вработените во трговските синџири за техника покажува дека кај сите, освен во Техномаркет, има зголемување на бројот на вработените во однос на пред пет години, и дека во 2022 година и во 2021 година има сличен број на вработени. Но, во 2022 година, како што се удвоила добивката, така се удвоил и придонесот на секој вработен во таа добивка.

Број на вработени и добивка по вработен (во денари)

Од овие податоци може да се види дека најмногу добивка по вработен му донеле вработените на газдата од Анхоч.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИЈЗ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА ПОСТОТ Еве кои грешки во исхраната можат

25/02/2026
Македонија

ГРУБИ, ИСТО КАКО И ОСТАНАТИТЕ ПРИТВОРЕНИЦИ, ЌЕ БЕШЕ БЕЗБЕДЕН ВО

25/02/2026
Македонија

СУДИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ИЗРЕЧЕ ПРИТВОР АКО ОБВИНИТЕЛОТ БАРА КУЌЕН

24/02/2026
Македонија

Атовска за известувањето од војната во Украина: Веројатно најдисциплинираната задача

24/02/2026
Македонија

Петрушевски: Го разбирам револтот на јавноста, но одредената мерка куќен притвор

24/02/2026
Македонија

Земјотрес ја стресе Албанија, се почувствува и во Македонија!

24/02/2026
Македонија

Кристина Атовска за 4TV.mk разговара за искуствата од военото известување

24/02/2026
Македонија

ДОБАР ПРОФЕСОР МОРА ДА ГИ СЛЕДИ НОВИНИТЕ ВО НЕГОВАТА ОБЛАСТ,

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41899
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИЈЗ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА ПОСТОТ Еве кои грешки во исхраната можат да ве чинат здравје

25/02/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излезе со препораки до граѓаните за намалување на здравствените ризици за време на постот, предупредувајќи

ГРУБИ, ИСТО КАКО И ОСТАНАТИТЕ ПРИТВОРЕНИЦИ, ЌЕ БЕШЕ БЕЗБЕДЕН ВО ШУТКА Директорот Утковски посочува дека

25/02/2026

Затворот „Скопје“ во Шуто Оризари не е мексикански картел, може да ја гарантира безбедноста на секој штитеник, па дури и

СУДИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ИЗРЕЧЕ ПРИТВОР АКО ОБВИНИТЕЛОТ БАРА КУЌЕН ПРИТВОР Јошевска Анастасовска од Судскиот

24/02/2026

Сузана Јошевска Анастасовска, член на Судскиот совет, му одговори на министерот за правда Игор Филков, кој денеска побара одговорност од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy