Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Општина Тетово на своите вработени незаконски им исплатила 35.000 евра за хонорари,  утврдија ревизорите
Македонија

Општина Тетово на своите вработени незаконски им исплатила 35.000 евра за хонорари, утврдија ревизорите

23/06/2023

AA

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Тетово, на сметката на основен буџет (630), за 2021 година и изрази неповолно мислење за нив. Градоначалник до ноември 2021 година е Теута Арифи од ДУИ, а потоа функцијата ја презема Билал Касами од Движењето БЕСА.

Во текот на 2021 година ангажирани се од 227 до 406 лица по договор на дело. Вкупниот број на вработени лица и бројот на ангажирани лица по договор за дело го надминува бројот на систематизирани работни места.

„Утврдената потреба од човечки ресурси општината ја реализира преку ангажирање на лица по договори за извршување на повремени и привремени работи без докази за исполнетост на условите и квалификациите предвидени за редовно вработените, што може да влијае на нивото
на квалитет и одговорност за извршените работни задачи. По овој основ во текот на 2021 година исплатени се 37.942 илјади денари за надоместок и данок на личен доход или 617.000 евра.

Оваа состојба не е во согласност со член 619 од Закон за облигациони односи во кој е предвидено дека може да се ангажира лице по договор на дело само за вршење на определена работа еднократно, член 22 од Закон за работни односи каде е пропишан начинот на обезбедување на потребата од работници. Утврдените состојби, укажуваат на нетранспарентност и субјективно постапување при ангажирање на наведените човечки ресурси, во изборот на истите и нивна повластена положба во постапката за нивното ангажирање“, стои во извештајот.

Евидентирани се и расходи за исплата на разни комисии формирани од страна на Градоначалникот, за што исплатени се средства во износ од 2.170 илјади денари или околу 35.000 евра.

Членови на комисиите се лица вработени во администрацијата на Општина Тетово, кои покрај работните задачи кои произлегуваат од работните места на кои се распоредени, се задолжени да вршат и дополнителни работи и работни задачи. За дополнителната работа на членовите на комисијата им е утврден надоместок во износ од 5 илјади – 20 илјади денари месечно што не е во согласност со одредбите од
Законот за административни службеници со кои се регулирани надоместоците и висината на истите.

“Согласно член 95 од Законот за административни службеници административниот службеник има право на додаток на плата подолго од полното работно време и тоа во висина од 35% по час од износот на основната плата и додатокот на плата за звање, доколку работел по налог на непосредно претпоставениот службеник. Ваквата состојба има влијание на зголемување на трошоците на општината како и на навременото извршување на работните задачи на административните службеници за кои се распоредени, како и на работните задачи кои им се доделени со решение и начинот на користење на средствата“, утврдија ревизорите.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, утврдено е дека:

– планирањето на буџетот на општината не се заснова на реалните состојби и можности на општината, ниту на историските податоци за остварувањата на приходите и расходите во претходните години;
– Одлука за прогласување на финансиска нестабилност на општината не е донесена, иако општината подолг временски период ги исполнува условите за прогласување на финансиска нестабилност;

– Општина Тетово не остварува приходи по основ на надоместок за јавна чистота;

– состојбата на побарувањата не е реално прикажана, не е утврдена старосната структура на побарувањата по основ на даноци на имот и комунална такса за фирма со состојба на 31.12.2021 година, не е воспоставена евиденција за побарувањата по основ на надоместок за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и надоместок за уредување на градежно земјиште и

– и покрај блокираната сметка општината користи плаќања со пресметка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СÈ ПОПРИВЛЕЧНА ЗА СТРАНЦИТЕ Турците најбројни, Германците и Србите

27/09/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ СО НОВА ПОРAКА ДО ФИЛИПЧЕ Престанете да обвинувате други

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45834
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во околината

27/09/2026

Земјотрес со локална магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала денеска во 14 часот и 4 минути ја затресе областа

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски со порака од Гевгелија

27/09/2026

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Гевгелија продолжи со средбите со граѓаните под мотото ‘Две години работа. Две

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy