Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 15 тони овошје и зеленчук биле одземени вчера на Кванташки
Македонија

15 тони овошје и зеленчук биле одземени вчера на Кванташки

26/04/2023

AA

Во вчерашната акција на Кванташки пазар инспекторите на Државниот пазарен инспекторат во координација со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи одземале над 15 тони овошје и зеленчук, соопшти на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој потенцира дека прекршочни пријави ќе има за управителите на „Кванташки”- компанијата Анмарк Мк ДООЕЛ. Како што посочи, ќе има казни за увозници на овошје и зеленчук како што се компаниите „Савари“, „Астра фреш“, „Атлантик“, „Нектар фреш“, „Ема стил“, „Фрута-Фрукта“, „Стрима“, но и за компании кои се занимаваат со малопродажба како што се „Веро”, „Стокомак”, „Кипер”, „КАМ”, „Тинекс”, „Зендолино комерц“ и „Миса Мкб“. Тој рече дека во текот на оваа недела ќе бидат доставени и кривични пријави за непочитување на одлуките на Владата.

Бектеши најави дека Одлуката за замрзнати цени на основни прехранбени производи ќе се продолжи и во наредниот период.

-Акциите и контролите нема да престанат тука, туку ќе продолжат да се направат секојдневно до завршување на одлуката, а одлуката имајќи во предвид дека не се почитуваше до крај ќе продолжи да важи и во наредниот период, рече Бектеши.

Министерот потенцираше дека избегнување на давачки од над 10.000 евра е кривично дело и веќе се утврдени прекршоци во овој дел за што ќе следат кривични пријави.

-Утврдивме дека некоклку компании тоа го направиле, при крај се анализите на Финасиска полиција и за други компании и до петок ќе бидат покренати кривични постапки. Владата, институциите си ја вршат навремено својата работа, со цел да ги заштитат потрошувачите и да не дозволат во вакви времиња да се прават профити, рече Бектеши.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Горан Трајковски изјави дека на „Кванташки“ биле констатирани многу прекршоци, каде се затекнати трговци кои не водат евиденција во трговија. Посочи дека одземените стоки се предадени до Агенцијата за управување со одземен имот.

-Она што е затекнато е дека и физички лица кои немаат регистрирана дејност вршат продажба на производи. Во рамките на нашите надлежности ќе продолжиме да вршиме контроли низ целата држава и нема да дозволиме непочитување на мерките. Од она што вчера е констатирано е дека има трговци кои не водат евиденција спротивно на член 28, став 1 од Законот за трговија и сторени прекршоци по член 57 став 1 од Законот, член 51 став 1, точка 6 од Законот за трговија одземени се стоки во вредност од 15 тони, кои беа распределени заедно со Агенцијата за одземен имот и се предадени на одредени институции, рече Трајковски.

Тој најави дека од денеска сите инспектори кои констатирале прекршок ќе се појавуваат на судските рочишта, и тоа мора да биде пракса.

-Апелирам до сите економски субјекти, практиката, едната опција е да си ги земат платните налози и да си платат, а другата опција е да си го остварат своето право доколку имаат забелешка преку судска постапка. Од денеска сите инспектори кои констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските риочишта и ќе ги застапуваат и ќе ги бранат законските одредби според кои ги изрекле прекршоците. Законите мора да фонкцинираат и ќе функционираат. Нашата цел е доследно почитување на законите и функционирање на системот, а граѓаните ги охрабруваме да ги пријавуваат неправилностите кои ги нарушуваат нивните потрошувачки права, рече Трајковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy