Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 15 годишно дете од Скопје управувало со автомобил во кој е пронајдено оружје, поведена истрага против таткото
Македонија

15 годишно дете од Скопје управувало со автомобил во кој е пронајдено оружје, поведена истрага против таткото

25/01/2025

AA

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Истрагата е поведена бидејќи осомничениот во неговиот автомобил Ауди А8 неовластено држел огнено оружје и муниција – два пиштоли, едниот со калибар 7,65мм, а другиот со калибар 9мм со по четири куршуми за секој од нив. Во автомобилот бил пронајден уште еден пиштол за кој осомничениот имал дозвола за поседување со осум куршуми и уште два сигнални пиштоли.

Оружјето било пронајдено во автомобилот што го управувал малолетниот син на осомничениот. Детето кое месецов наполнило 15 години било запрено од полицијата додека возело во Волково во вечерните часови на 23 јануари.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот татко – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице, одземање на патната исправа, одземање на возачката дозвола, но и забрана за неговиот малолетен син, други малолетни лица или други неовластени лица да имаат пристап во просторија или во домот каде што има огнено оружје.

Фото: Архива

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТРОЈЦА ЛАУРЕАТИ СО ДРЖАВНАТА НАГРАДА „23 ОКТОМВРИ“ Јолевски за уметноста,

23/10/2026
Македонија

ТАТКОВИНАТА СЕ СОЗДАВАШЕ НИЗ ЛЕЛЕЦИ И КРИЦИ, НЕ СО АПЛАУЗИ

23/10/2026
Македонија

ГО НАМАМИЛЕ, ГО НАПАДНАЛЕ И ГО ОГРАБИЛЕ Вработена спречила можен

23/10/2026
Македонија

📽️ ВО ЖИВО: „СВОИ НА СВОЕТО!“ Свечена академија за 23

23/10/2026
Македонија

СОЛУН ЌЕ БИДЕ НАШ И ОВОЈ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД Колони на

23/10/2026
Македонија

ШЕСТМИНА ЛУЃЕ, ЕДНА КУЌА И ИДЕЈА ШТО ЈА НАДЖИВЕА ИМПЕРИЈАТА

23/10/2026
Македонија

23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА Македонија го

23/10/2026
Македонија

„НЕ МОЖЕМЕ ДА ЈА ЧЕСТВУВАМЕ ДРЖАВНОСТА, А ДА ЈА ЗАБОРАВИМЕ

23/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46334
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТРОЈЦА ЛАУРЕАТИ СО ДРЖАВНАТА НАГРАДА „23 ОКТОМВРИ“ Јолевски за уметноста, Стојков и Лилчиќ Адамс за

23/10/2026

Државната награда „23 Октомври“ претставува мост меѓу македонското историско наследство и современите достигнувања во науката, културата и уметноста, истакна претседателот

ТАТКОВИНАТА СЕ СОЗДАВАШЕ НИЗ ЛЕЛЕЦИ И КРИЦИ, НЕ СО АПЛАУЗИ Мицкоски истакна дека слободата е

23/10/2026

Со пораки за историската жртва за слободата, одговорноста кон државата и заветот на генерациите што се бореле за македонската иднина,

ГО НАМАМИЛЕ, ГО НАПАДНАЛЕ И ГО ОГРАБИЛЕ Вработена спречила можен присилен брз кредит откако мажот

23/10/2026

Две лица од Куманово се лишени од слобода под сомнение дека измамиле и физички нападнале 64-годишен маж, му ги одзеле

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy