
13-годишно дете пронајдено во Тетово
На 26 јануари 2026 година, околу 11:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово, при извршување службени задачи на улицата „Илинденска“ во Тетово, забележале малолетно лице како лежи на плочникот.
По интервентната постапка и разговор извршен од инспектори за малолетници, било утврдено дека станува збор за 13-годишен малолетник од Куманово, кој престојувал во Тетово без родителска грижа.
За случајот веднаш биле известени социјалните работници од Центарот за социјални работи Тетово, кои го згрижиле малолетникот.
По извршени проверки, биле утврдени идентитетот на неговите родители и адресата на живеење во Куманово, по што бил информиран Центарот за социјални работи Куманово за понатамошно постапување.

