
12 лица починале од труење во ски-центар во Грузија
Вкупно 12 лица загинаа од труење со јаглерод моноксид во несреќа во ски-центар во Грузија, соопшти полицијата, пренесе АФП. Телата на 11 странци и еден грузиски државјанин се пронајдени во спална соба над ресторан во Гудаури во северниот дел на кавкаската земја. Полицијата додаде дека „прелиминарните тестови не покажуваат траги на насилство врз телата“.