Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 12 ГОДИНИ ФАКТОР, 12 ГОДИНИ ЛИДЕРСКИ БИЗНИС ПОРТАЛ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР – нека ни е среќна годишнината почитувани читатели
Економија

12 ГОДИНИ ФАКТОР, 12 ГОДИНИ ЛИДЕРСКИ БИЗНИС ПОРТАЛ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР – нека ни е среќна годишнината почитувани читатели

02/10/2024

AA

Наше е задоволството, почитувани читатели, заедно со Вас, да одбележиме уште една успешна годишнина на Фактор. Дванаесетта по ред. И да си посакаме уште многу релевантни, но и интересни економски и бизнис текстови, и уште подобри од порано. 

Фактор, почитувани читатели, повеќе од една деценија наназад, како медиум со главно бизнис предзнак и лајт мотив, успеа да ја направи економијата и економските текстови интересни, корисни и разбирливи за секого. Доволен доказ за тоа е сѐ поголемиот број ваши реакции, коментари, вашата доверба која секојдневно сѐ повеќе ни ја давате. Многу често нѐ фалите, не ретко и самите ни откривате информации, а некогаш, за волја на вистината, знаете и добро да нѐ искритикувате и искарате. Но, нас ни се подеднакво драги и пофалбите и забелешките.

Малку историја за нас, иако, како што сме убедени, сите вие, нашата верна читателска публика, многу добро знаете кој е Фактор. Нашиот и Ваш Фактор беше основан пред точно 12 години, на почетокот на октомври во 2012 година, освојувајќи го тогаш речиси празниот простор на медиуми специјализирани за економски вести и текстови. Од првиот ден Фактор стана, она што е убедливо најважно во новинарството – релевантен медиум. 

Уште една би сакале да Ве известиме дека ние сме тука за вас, да ве информираме чесно, објективно, одговорно и вистинито. Некогаш да ви помогнеме подобро да ги разберете фактите и голите економски бројки, берзанските индикатори, статистичките графикони и табели, некогаш да откриеме некоја пикантна бизнис информација, која можеби ќе ви помогне во вашите деловни размислувања, а некогаш и добро да „подбереме“ одредена компанија, институција, а често и самата Влада, кога не сосема исправно или легално си ја вршат работата, па да им ги отвориме очите и на јавноста, и на органите кои треба да се позанимаваат со таквиот тип на дејствување. Со нашите информации и теми сме успевале и тоа како да отвориме серозни и здрави дебати по одредено важно економско прашање, па често и сме помагале да се спречат потенцијални лоши економски политики, или, пак, сме биле гласот на разумот за тие да се подобрат.

Денеска славиме 12 години од нашето, но и седум години постоење на Женски магазин, портал во рамките на нашата групација, кој успеа да се наметне како едно од најомилените четива на женската популација во земјава. Естрадни уметнички, филмски диви, водителки, инфлуенсерки, бзиснисменки, банкарки, политичарки, лекарки…, сите тие најдоа свое место во редовите на Женски магазин, но и сите тие се верни читателки на овој наш портал. Утринското кафе, паузата од дневните работни обврски, но и попладневниот и вечерниот одмор, не можат да се замислат без текстовите на Женски магазин.

Тука не застануваме. Нашите содржини ги збогативме и со поткастот Бизнис муабети, чија логистичка поддршка секако е порталот Фактор. Како што и самите гледате, гости ни се буквално сите бизнис луѓе кое многу значеле и значат на македонскиот економски простор, а Вашите прегледи само се доказ дека сме на вистинскиот пат…

Ни останува само да си посакаме уште многу годишнини, и уште милиони релевантни содржини, но и уште многу иновации и новини.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ ПЕРИФЕРЕН ПАЗАР, ТУКУ СИГУРЕН ПАРТНЕР НА ЕУ Македонија се

23/04/2026
Македонија

18-годишна скопјанка силувана од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер

23/04/2026
Македонија

Коридор 8 се гради со забрзана динамика: Клучните делници во

23/04/2026
Македонија

Дали македонските туристи летово ќе патуваат без биометриска проверка во

23/04/2026
Македонија

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема

23/04/2026
Македонија

СДСМ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГИ БЛОКИРА ИЗМЕНИТЕ ВО ИЗБОРНИОТ

23/04/2026
Македонија

Македонците трошат сè повеќе онлајн во странство: 427 милиони евра

23/04/2026
Македонија

Сончев викенд, па промена: Од вторник нестабилно време со дожд

23/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42800
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ ПЕРИФЕРЕН ПАЗАР, ТУКУ СИГУРЕН ПАРТНЕР НА ЕУ Македонија се позиционира како регионален енергетски јазол

23/04/2026

 Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на панелот “Engineering the Infrastructure of Energy Security” во рамки

18-годишна скопјанка силувана од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер

23/04/2026

На 23.04.2026 околу 00:15 часот во СВР Скопје 18-годишна скопјанка пријави дека на 22.04.2026 на подрачјето на Шуто Оризари нејзиниот

Коридор 8 се гради со забрзана динамика: Клучните делници во фокус

23/04/2026

Инфраструктурните проекти поврзани со Коридор 8 се реализираат со засилена динамика, како во делот на автопатската, така и во делот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy