Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 10 ПАЦИЕНТИ БИЛЕ УПАТЕНИ НА НЕПОТРЕБНИ ВАСКУЛАРНИ ИНТЕРВЕНЦИИ Министерот за здравство не откри колку непотребни операции биле извршени
Македонија

10 ПАЦИЕНТИ БИЛЕ УПАТЕНИ НА НЕПОТРЕБНИ ВАСКУЛАРНИ ИНТЕРВЕНЦИИ Министерот за здравство не откри колку непотребни операции биле извршени

14/11/2025

AA

Од досега анализираните 19 случаи, за 10 пациенти е утврдено дека непотребно биле упатени на васкуларни интервенции, утврди Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции што ја формираше Министерството за здравство по наводите на кардиохирургот Сашко Кедев дека на пациенти во Македонија без потреба им се вршат операции, поради профит.

Од пристигнатите 25 пријави за сомнителни случаи, кои пристигнале од граѓаните и од медицинските институции, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции досега анализирала 19, а анализите продолжуваат и понатаму и засега пред јавноста се презентираат само прелиминарни информации, соопшти министерот за здравство Азир Алиу, кој одржа прес-конференција со лекарите од комисијата.

– Од тие 25 пријавени случаи, 6 се упатени на натамошен третман во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи Комисијата не е надлежна за нив. Останатите 19 се анализирани. Во 10 случаи е утврдено дека непотребно се изведени операциите или дека пациентите биле непотребно упатени на операции – рече министерот Алиу, но не прецизираше колку непотребни интервенции биле извршени.

Претседавачот на комисијата, доктор Жарко Христовски рече дека во оваа првична фаза ја анализирале само потребата од реваскуларизација т.е. интервенциите кај пациентите кои имаат васкуларна болест. Тој најави дека следат дополнителни активности.

– Кај 10 пациенти утврдивме преекстензивно поставена индикација. Втората фаза е навлегување во клиниките, за да се направи дополнителна анализа и да се донесе соодветна стратегија. Кога ќе стигнеме до дефинитивна оценка на секој случај, информацијата ќе биде доставена до надлежните институции – рече тој.

Комисијата ќе продолжи да работи со утврдената методологија, по што ќе даде конечен извештај.

– Ова е прелиминарен извештај, по кој следи средба со тројца странски експерти, по што ќе се направи конечен извештај. Тој конечен извештај ќе биде основа за дефинирање на нашите политики – најави министерот Алиу.

Претседавачот Христовски дополни дека во втората фаза заедно со експертите од странство ќе ја анализираат работата на сите институции низ земјава кои вршат кардиоваскуларни интервенции.

Според него, не е етички коректно ниту правно издржано во оваа фаза да се открие во кои болници се извршени непотребните васкуларни интервенции и каква била состојбата на пациентите.

– Ќе имаме ограничени информации, ова се доволно информации засега за да продолжиме и понатаму. Ова е првичен извештај, а дефинитивниот ќе следи по комплетната анализа. Но, и кога ќе стигнеме до дефинитивна оценка, случаите поради етички причини ќе бидат делумно презентирани. Нашата работа треба да заврши со професионален извештај со целата слика и треба да навлеземе подлабоко во клиниките, оти досега работевме само по пријави од граѓани и од институции. До половина сме, имаме уште да работиме и за овие случаи, а потоа ќе правиме студија како се работи кардиоваскуларната медицина ширум Македонија, сите ќе ги провериме – рече д-р Христовски.

Интерната комисија е составена од кардиолози, правници и економисти, меѓу кои д-р Васил Папестиев од Клиника за кардиохирургија, д-р Билјана Зафировска и д-р Иван Василев од Клиника за кардиологија, д-р Мишел Андонов и д-р Илир Вела од Клиника за торакална и васкуларна хирургија, д-р Ненси Лозанче од Клиничка болница Битола, д-р Валон Асани од Клиничка болница Тетово, д-р Никола Христов од Клиниката „Жан Митрев“, д-р Жарко Христовски од „Аџибадем Систина“, како и претставници од ФЗОМ д-р Ана Митевска и д-р Жаклина Крстевска, Стефанка Петковска, правник и претставници од Министерство за здравство, д-р Александар Митов, Стојанчо Стојковски и Бахар Љама.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
Македонија

Ранѓеловиќ за 4TV.mk: Наместо бланко поддршка за војни, Македонија треба

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42208
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава простор за поинакво мислење

03/03/2026

Екс-вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во интервју за емисијата Ноќно студио на 4TV.mk упати остри критики кон актуелната влада,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy