
10 лица загинаа во судир со полицијата во Мексико
Во вооружен напад врз безбедносните сили на автопат во северно Мексико загинаа 10 лица, соопштија властите.
„Персоналот на цивилната безбедност беше нападнат со куршуми од лица кои патуваа во три оклопни камиони“, напиша на Фејсбук секретарот за јавна безбедност на Нуево Леон, Херардо Паласиос.
Десет осомничени за криминал беа убиени, а четворица полицајци беа повредени, додаде тој.
Нападот се случи на автопат меѓу државите Нуево Леон и Тамаулипас, регион погоден од насилство поврзано со организираниот криминал, пренесе АФП.
Патиштата меѓу двете држави станаа повод за киднапирања, исчезнувања и грабежи.
Повеќе од 340.000 убиства и околу 100.000 исчезнувања се случија во Мексико од почетокот на контроверзната владина операција за борба против дрогата во 2006 година, од кои повеќето се припишуваат на организирани криминални групи.
