
10 години од изборот на папата Франциско за поглавар на Римокатоличката црква
Католичкиот свет одбележува 10 години од изборот на папата Франциско за поглавар на Римокатоличката црква. Поранешниот кардинал Хорхе Бергољо е 266-ти папа и првпат е претставник на Латинска Америка, потсетуваат светските агенции.
Во овој период папата Фрањо напиша три енциклика – ова се најважните папски пораки. Тој отслужил над 570 неделни и празнични литургии.
Папата Франциско прогласи вкупно 900 нови светци , вклучувајќи ги и неговите претходници папата Јован XXIII и папата Јован Павле Втори.
Меѓу нив беше и Мајка Тереза.
Тој се сретна со речиси 330 светски лидери, а посетил над 60 земји, вклучително и Македонија.

