Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 1 јуни – Меѓународен ден на детето и Меѓународен ден на згрижувачките семејства
Македонија

1 јуни – Меѓународен ден на детето и Меѓународен ден на згрижувачките семејства

01/06/2025

AA

Еден од клучните приоритети на Министерството за социјална политика, демографија и млади е унапредување на системот на социјална и детска заштита, со цел секое дете да расте во средина исполнета со љубов, сигурност, поддршка и почит, велат во соопштението од ресорното министерство.

Децата имаат природно право да растат во семејна средина, а нивниот најдобар интерес треба секогаш да биде водечка основа за одлуките што се носат во однос на нивната грижа.

Министерството континуирано инвестира во реформата за заштита на децата, вклучително и зајакнување на системот за поддршка на децата со попреченост, зајакнување на системот на згрижување, и поддршка на семејствата во ризик.

Семејната грижа е најдобрата алтернатива за децата без родители или без родителска грижа. Таа не се однесува само на обезбедување на покрив над главата на детето, туку на пружање на топлина, љубов и емоционална поддршка кои само семејството може да ги обезбеди.

Отворањето на центрите за поддршка на згрижувачите се покажа како добар чекор во таа насока. Според последните податоци во државава има 380 згрижувачки семејства и 627 згрижени корисници.

Горди сме дека во нашата земја, изминатите пет години ниту едно дете без родителска грижа под 18 години не е сместено во резиденцијална институција. Над 80 проценти од овие деца се во згрижувачки семејства, а останатите во мали групни домови.

Министерството работи и на проширување на капацитетите за предучилишното образование, со цел повеќе деца да имаат можност да посетуваат градинка и на тој начин да обезбедат подобри шанси за успех во следните нивоа на образование.

Земајќи го предвид значењето на раната интервенција кај децата со развојни потешкотии се потпиша трипартитен меморандум за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за здравство, и Министерството за образование и наука, со заедничката заложба и интерес за воспоставување на семејно-ориентиран систем на рана интервенција во детството во Република Северна Македонија.

Процесот овозможува: идентификување и поддршка на децата со развојни задоцнувања, обезбедување на мултидисциплинарни услуги, вклучувајќи логопеди, психолози и специјални едукатори, јакнење на капацитетите на стручниот кадар и подобрување на координацијата меѓу институциите.

Министерството во континуитет вложува напори и во развој на социјални услуги на локално ниво преку две важни процеси како што е процесот на лиценцирање така и процесот на финансирање особено во социјалните услуги кои се ориентирани кон индивидуалната потреба на децата и нивните семејства. Социјалната услуга како лична асистенција може да се користи од 6 година на возраст на детето. Особено се дава посебен фокус на развојот на социјалната услуга дневен престој со индивидуален третман каде децата ја добиваат услугата зависно од нивната функционалност.

Посветеноста на Владата на Северна Македонија во областа на детската заштита се потврдува и со изработката на Националниот акциски план за правата на децата 2025-2029, кој е во завршна фаза на усвојување. Преку овој план, поставуваме основа за заштита на нивните права, создавање еднакви можности и промовирање на нивниот развој во средини што ги поттикнуваат нивните потенцијали.

Работиме на воведување на Европската детска гаранција за еднаков пристап до основни услуги за најранливите деца – здравство, образование, домување, згрижување со цел намалување на детската сиромаштија, како и зголемување од 15% на паричните додатоци наменети за децата.

Нека е честит 1 јуни – Меѓународен ден на детето и Меѓународен ден на згрижувачките семејства!, стои во соопштението на МТСП.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy