Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗОШТО СЕ СОЅИДАНИ ВО ЅИД АКО ПАРИТЕ НА РОДИТЕЛИТЕ НА СУДИЈАТА РИСТОВ СЕ ЧИСТИ? Има многу конвенционални начини за чување пари
Македонија

ЗОШТО СЕ СОЅИДАНИ ВО ЅИД АКО ПАРИТЕ НА РОДИТЕЛИТЕ НА СУДИЈАТА РИСТОВ СЕ ЧИСТИ? Има многу конвенционални начини за чување пари

28/01/2026

AA

Не сакам да коментирам како премиер, ја почитувам пресумцијата на невиноста, но како како човек не ми е јасно зошто пари од продадена нива се нашле во ѕид, кога има многу поконвенционални начини за чување на пари, рече премиерот Христијан Мицкоски , коментирајќи го случајот со соѕиданите 350.000 евра во куќата на родителите кај осомничениот апелациски судија Ѓоко Ристов.

– Јас не сакам да се претворам во судија, ниту да критикувам. Како човек, навистина ми беше сето тоа лошо за гледање, затоа што и да е вистината, дека е продадена нива легално и сето тоа поминало низ сите легални процедури, не разбирам зошто парите би се нашле заѕидани во ѕид. Зошто имате потреба да ги чувате во ѕид? Ако се тие чисти, има многу конвенционални начини да ги чувате, нема повод ни причина тоа така да го правите. Мислам дека им е малку плитко алибито, но оставам судските органи да го кажат своето – изјави Мицкоски.

Во врска со изборот на државниот јавен обвинител рече дека не сака да дава априори суд додека не го слушне мислењето на Советот на јавни обвинители, а во однос на тоа кој од досега пријавените е најдобриот кандидат нагласи дека сите тие доаѓаат од фелата и претпоставува дека нудат квалитет, дека веруваат во себе и дека се мотивирани.

Клучно, рече премиерот,  е да имаат одлична и бескомпромисна борба со криминалците и криминалот.

– Но, да одиме чекор по чекор, нека излезе Советот за јавни обвинители, потоа Владта, па парламентот, нека има некој ред – рече премиерот во гостување на ТВ21.

На прашањето дали од петмината кои досега поднесоа кандидатури има некој според него достоен за позицијата, Мицкоски рече дека мора да има, за да не се создазде правен вакуум.

Во однос на тоа дали постои волја кај Владата да се подигне нивото на доверба во правосудството Мицкоски нагласи дека тоа не зависи од извршната власт, таа дава правни рамки, но рејтингот сами го градат обвинителите и судиите со својата работа.

Нагласи дека денеска на владина седница поминал предлог-законот за јавното обинителство, кој претходно доби позитивна оценка од Венецијанската комисија.

– Ние може да изготвиме правна рамка, која е меѓународно верификувана и таа да се најде пред пратениците, другото е до самите обвинители, дали ќе се борат или ќе станат ортаци со криминалците – рече премиерот.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy