Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗОШТО СЕ НАМАЛИ ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ГЕРМАНИЈА – тие се, едноставно, прескапи
Економија

ЗОШТО СЕ НАМАЛИ ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ГЕРМАНИЈА – тие се, едноставно, прескапи

24/08/2024

AA

Продажбата на електрични автомобили во Германија слабее првенствено затоа што тие се скапи, а генерално – со некои исклучоци – многу поскапи од нивните братучеди на бензин, изјави експертот за автомобилска индустрија Фердинанд Дуденхофер во новата пазарна студија, пренесува германската новинска агенција (dpa).

Дополнително, дилерите нудат помал попуст за и онака скапите е-автомобили отколку за автомобилите на бензин, па причините за промената на уделот се очигледни.

За истражување, Дуденхофер ги спореди цените, со попусти, на 20-те најпродавани модели на електрични автомобили и нивните бензински модели.

Ги зел предвид цените, односно попустите кои продавачите на нови возила ги рекламираат на интернет.

Просечната цена на е-автомобил е 45.040 евра, а попустот е 12,9 отсто, па купувачите на нови електрични автомобили во просек платиле по 39.236 евра.

Споредливите модели на бензин чинат во просек по 38.228 евра, пред попустот од 15 проценти. Со попустот, просекот паѓа на 32.355 евра, значи речиси 7.000 помалку од неговите браќа електрични.

Интересно е што германските производители на премиум автомобили, особено БМВ, одржуваат мала разлика во цената меѓу електричните и бензинските модели, истакна Дуденхофер.

Продавачите на поевтини автомобили, на пример Опел, размислуваат поинаку.

Така, на пример, електричната Corsa била 13.633 евра, односно 79 отсто поскапа од бензинската. Друг модел на Opel, Mokka, во е-варијантата поскапе за 9.411 евра или 35 отсто. Слично е и во понудата на Peugeot, Nissan и кинеските производители.

Со вакви цени „електричните автомобили остануваат прескапи за просечниот потрошувач“.

Така, во првите седум месеци од 2024 година, Opel и Peugeot продале само по еден електричен автомобил на секои 19 бензински автомобили во Германија. Учеството на е-автомобилите во продажбата од почетокот на годинава до крајот на јули изнесува 12,2 отсто.

Интересно е што е-автомобилите на BMW имаат удел од 16,7 отсто во продажбата, а слично е и со Мерцедес.

Дуденхофер го припишува ова на релативно малата разлика во цената помеѓу електричните и бензинските модели. На пример, електричниот BMW X1 е само 2.260 евра или шест отсто поскап.

Инаку, продажбата на е-автомобили е намалена од почетокот на годинава со истекувањето на државните субвенции за граѓаните и фирмите при купување на овие возила.

Feniks

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy