Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗОШТО РАСТЕ ЦЕНАТА НА ЧОКОЛАДАТА ВО СВЕТОТ? Нема да верувате – уддел има Ел Нињо! Еве зошто
Економија

ЗОШТО РАСТЕ ЦЕНАТА НА ЧОКОЛАДАТА ВО СВЕТОТ? Нема да верувате – уддел има Ел Нињо! Еве зошто

01/08/2024

AA

Чоколадите стануваат поскапи во светот поради цената на суровините, но тоа е причината само „на прв поглед“, пишува сајтот „The Southafrican“. Статистичарите пресметале просечен пораст на цената на чоколадото во мај од 14 отсто во однос на мај минатата година, а само годинава седум отсто, но повеќе од 63 отсто од 2017 година.

Во игра се неколку фактори, иако главната причина е зголемувањето на глобалните цени на какаото, кои растат во последните три години, а во 2024 година ќе достигнат највисоко ниво во последните 46 години.

Областите за производство на какао во Западна Африка се најголеми во светот. Временските обрасци на Ел Нињо кои на некои места носат долготрајна суша и на други обилни дождови, негативно влијаеле на тие области. Болестите на земјоделските култури, како и геополитичките тензии поради војната меѓу Русија и Украина, имаат влијание на пазарот на ѓубрива.

Ел Нињо предизвика суво време во Западна Африка и придонесе за проблеми на плантажите, како што е вирусна болест на ластарите, пренесува „Курир.рс“.

Недостигот на зрна какао речиси доведе до затворање на погоните за преработка во Брегот на Слоновата Коска и Гана оваа година. Овие две земји сочинуваат 60 отсто од светското производство.

Иако приносите се намалени, глобалната побарувачка расте. Ова создаде глобален дисбаланс на понудата и побарувачката и резултираше со многу повисоки цени.

Пазарните експерти предвидуваат дека на глобалниот недостиг на какао наскоро ќе му дојде крајот. Закрепнувањето на производството на какао во најголемите фарми во светот треба да стави крај на тој огромен недостиг, според брокерот за суровини Marek Group.

Групата очекува производството на какао да ја надмине побарувачката во претстојната сезона 2024-2025 година што започнува во октомври. Тоа ќе ја означи првата година на суфицит по три последователни сезони со дефицит.

Очекуваните подобри временски услови во Западна Африка ќе имаат позитивно влијание и врз производството на какао.

Блумберг истакна дека повлажните временски услови во Западна Африка веќе помогнале да се спуштат цените на какаото од историските највисоки вредности претходно оваа година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Штип ги обезбедува училиштата со аларми и 190 камери по

10/05/2026
Македонија

Тошковски положи свежо цвеќе во Инџиково и Бутел во чест

10/05/2026
Македонија

Во ноќен клуб во Охрид уапсени танчерки од Русија, Бугарија,

10/05/2026
Македонија

Николоски: Реконструкцијата на Владата ќе се базира на резултати, а

10/05/2026
Македонија

Спречено нелегално истурање градежен шут во Ново Лисиче, следуваат казни

10/05/2026
Македонија

„Собранието не е Тему-зона“: Миле Цеков со жесток напад кон

10/05/2026
Македонија

„ЕУ нема да ни го исчисти ѓубрето“: Миле Цеков бара

10/05/2026
Македонија

„Формално боледување, неформално оставка и бегство од Карпош“, вели Јакимовски

09/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43187
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Штип ги обезбедува училиштата со аларми и 190 камери по вандалскиот чин во „Ванчо Прќе“

10/05/2026

Општина Штип презема итни мерки за заштита на образовните институции и јавните површини по неодамнешниот вандалски упад во основното училиште

Тошковски положи свежо цвеќе во Инџиково и Бутел во чест на загинатите македонски херои од

10/05/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Инџиково и Бутел положи свежо цвеќе на спомен-обележјата посветени на припадниците на

Во ноќен клуб во Охрид уапсени танчерки од Русија, Бугарија, Казахстан и Србија

10/05/2026

На 10.05.2026, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад во ноќен клуб на булевар „Железничка“ во Охрид ги

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy