Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗОШТО „ПЕЛИСТЕРКА“ СЕ НАЈДЕ НА БЕРЗАНСКАТА ЛИСТА ЗА НАБЉУДУВАЊЕ – еве кои правила не биле испочитувани
Економија

ЗОШТО „ПЕЛИСТЕРКА“ СЕ НАЈДЕ НА БЕРЗАНСКАТА ЛИСТА ЗА НАБЉУДУВАЊЕ – еве кои правила не биле испочитувани

26/12/2023

AA

Компанијата за производство на газирана вода и сокови „Пелистерка“ е ставена на берзанската Листа за набљудување. 

Обично на таа листа се ставаат компании кон кои инвеститорската јавност треба да биде особено внимателна, бидејќи кај нив има некоја специфичност која не постои кај другите акционерски друштва. 

Такви примери можат да бидат на пример кога за некоја компанија е доставена понуда за преземање, или е во фаза на преземање, или има некои невообичаени деловни резултати и слично.

Додека, пак, во случајот со „Пелистерка“, причината поради која компанијата е ставена на листата за набљудување, е сериозно непостапување од страна на издавачот, со правилата за котација. 

Дополнително се интересиравме која е причината за ставање на „Пелистерка“ на листата на набљудување, а информациите се дека се работи за чести непостапувања по однос на правилата за котација на Берзата, што значи дека компанијата не ги почитувала роковите за објава на своите финансиски извештаи, кои ги бара Берзата.  

На 31 октомври годинава Пелистерка го објави својот неревидиран неконсолидиран Биланс на успех за првите три квартали од годинава, додека, пак, на 17 ноември беше објавен неревидираниот консолидиран биланс на успех. 

Според неревидираниот неконсолидиран Биланс, како што веќе објави Фактор, во периодот од јануари заклучно со септември оваа година, ова битолско акционерско друштво остварило чиста добивка од 484 илјади евра, што е заголемување за 195 отсто во однос на истиот период лани.

Затоа и констатиравме дека одлично се живее и се заработува од полнење на вода и производство на освежителни пијалоци, бидејќи компанијата за првите три квартали од годинава прикажа трикратно зголемување на добивката, или за близу 200 проценти.

Компанијата освен своите финансики извештаи до Берзата немаше доставено и образложение за својот деловен резултат, па затоа треба да се разгледаат поединечните ставки од Билансот на успех на ова битолско претпријатие.

Во првите девет месеци од годинава „Пелистерка“ наплатила од оперативни приходи 5,33 милиони евра, што всушност се приходи од основната дејност на компанијата. Во однос на истиот период лани, тие се зголемени за 6 проценти.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy