Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зошто „Гранит“ купи фирма што постои само пет месеци?
Економија

Зошто „Гранит“ купи фирма што постои само пет месеци?

03/09/2024

AA

Градежно-рударската експлоатација во Македонија продолжува со купување на сепарации за песок и чакал, како и на каменоломи. Интерес од големите градежни компании има и за помали асфалтни бази. 

Градежниот гигант АД Гранит, иако невообичаено за негови стандарди, од неодамна е нов сопственик на фирмата „Леп-Коп Инвест“ со променета адреса на булеварот Хасан Приштина кај скопско Визбегово. Оваа фирма е регистрирана само пред пет месеци со дејност вадење на чакал, песок, глина и каолин. Првичната адреса била во Карпош, а сопственичка извесната Биљана Милошевиќ – Поповска. Сега нов управител е Емил Јорданов, рударскиот инженер од АД Гранит.

Можно е ова преземање да оди во прилог на тоа што „Гранит“ во близина ја гради првата фаза од автопатот Скопје – Блаце, а исто така работи и на неколку урбани проекти во самиот главен град.

За очекување е ваквите преземања да продолжат со започнувањето на активната изградба на автопатите од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“ и подизведувачите на проектот Коридор 8 и Коридор 10Д. Според сознанијата на „Фактор“, градежната компанија „Жикол“ изминатиот период веќе има купено еден активен каменолом во регионот на Куманово.

Во меѓувреме, во повеќе региони во земјава имаше протести на локални жители поради црпењето на песокот од реките во близина на нивните села Иако изминатиот период имаше чести протести и блокади на локални жители од руралните средини, за очекување е да се засили динамиката на експлоатирање на градежни суровини од реките. Видливи се и поголемите ископи од рудниците, односно од каменоломите, во подножјата на планините, каде помасовно се експлоатираат минерални суровини.

Покрај „офанзивата“ со регионалните и магистралните патишта, се очекуваат и локални градежни проекти, особено со најавата на Владата дека 250 милиони евра ќе се распределат за општините. Во државниот буџет за 2024 има и околу 8 милиони евра за изградба на клучката на булеварот Хасан Приштина (Качанички пат) во Скопје, но тие пари ги бара и градоначалничката Данела Арсовска за бесплатен студентски превоз од ЈСП.

Од друга страна гласни се и екоактивистите кои аргументираат дека со ваквиот тренд да експлоатација се деградира животната средина и здравјето на луѓето.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На овие компании им се одземени лиценците за одгледување канабис!

24/02/2026
Македонија

НАПАДНАТА ВРАБОТЕНА ВО МАТИЧНО Жена приведена по инцидент во Битола

24/02/2026
Македонија

За еден ден приведени 15 возачи низ државата

24/02/2026
Македонија

Претрпел физички болки и страв – селанец од кичевско доби

24/02/2026
Македонија

Филков бара образложение на одлуката за куќен притвор за Артан

24/02/2026
Македонија

20 метри огревни букови дрва исечени во Националниот парк „Шар

24/02/2026
Македонија

МЛАДИ РАЗБОЈНИЦИ ГИ ТЕРОРИЗИРАЛЕ ПРИЛЕПЧАНИ Петмина насилници со сила ограбиле

24/02/2026
Македонија

Кривична пријава против седум лица за измама поврзана со сообраќајна

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41862
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На овие компании им се одземени лиценците за одгледување канабис!

24/02/2026

Министерството за здравство одзеде лиценци за одгледување канабис за медицински цели на шест компании, по спроведени контроли во кои биле

НАПАДНАТА ВРАБОТЕНА ВО МАТИЧНО Жена приведена по инцидент во Битола

24/02/2026

Вработена во Управата за водење на матични книги во Битола била физички нападната на своето работно место, а осомничената жена

За еден ден приведени 15 возачи низ државата

24/02/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои 10

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy