
Зошто Европејците осиромашуваат?
Французите пијат помалку вино, a Шпанците штедат на маслиново масло.
Во последната година Европејците станаа посиромашни. Американскиот Wall Street Journal пишува дека куповната моќ практично во сите европски земји се намалува од месец во месец. Во Италија имаше кризни состаноци поради цените на тестенините кои поскапеа двојно повеќе од инфлацијата.
Французите јадат помалку деликатеси како паштета од гускин џигер, а покрај тоа пијат помалку црвено вино, Шпанците штедат на маслиново масло, Финците ги палат своите сауни во ветровитите денови кога струјата е поевтина. Во Германија потрошувачката на месо и млеко се намали на најниско ниво во последните 30 години, а пазарот на органска храна, кој до неодамна беше во метеорски пораст, сега е во исто толку метеорски пад.
Население старее, а освен тоа, Европејците претпочитаат повеќе слободно време и пократка работна недела, што го забави економскиот раст и ја намали продуктивноста. Пандемијата и војната во Украина дополнително ја отежнаа состојбата.
