
Зошто доларот тоне?
Доларот дополнително ослабе, а цените на нафтата се намалија. На валутните пазари вредноста на доларот во однос на другите валути се намали трет ден по ред и потона на најниско ниво за скоро два месеци.
Курсот на доларот во однос на јапонскиот јен се намали од вчерашните 133,60 на 133,20. Цената на еврото достигна 1.0985 долари, а вчера беше 1,0925 долари. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар поевтини утринава за 0.33 отсто, на 87,05 долари, додека на американскиот пазар барелот се намали за 0,28 отсто на 83,05 долари.
Инфлацијата во САД значително ослабе во март, како одраз на пониските цени на енергијата и падот на цените на храната на месечна основа, првпат по две и пол години, покажаа вчера податоците на Министерството за труд. Деновиве падна и вредноста на руската рубља.
foto freepik.com/graystudiopro1
