
Зоран Милановиќ „растура“ на денешните претседателски избори во Хрватска
Хрватските телевизии ги објавија резултатите од првите излезни анкети спроведени од Ипсос од денешните претседателски избори во Хрватска.
Води актуелниот претседател Зоран Милановиќ со огромни 51,5 отсто, пред Драган Приморац 19,29%, Марија Селак Распудиќ 8,84%, Ивана Кекин 8,33%, Миро Буљ 3,48% итн.
Кандидатите за новиот петгодишен претседателски мандат се актуелниот претседател Зоран Милановиќ, кандидат и партнер на СДП; Драган Приморац, кандидат и партнер на ХДЗ; Миро Буљ, кандидатот на Мост; кандидатката на „Можеме“ Ивана Кекин; кандидатката на партијата Дом и кандидатот за национален собир, Бранка Лозо и независните кандидати Марија Селак Распудиќ, Томислав Јоњиќ и Нико Токиќ Картело.
Претседателот на Република Хрватска го избираат хрватските граѓани на возраст над 18 години на непосредни избори со тајно гласање. Доколку ниту еден од кандидатите во првиот круг од изборите не освои апсолутно мнозинство, во рок од 15 дена се организира втор круг на избори.
Во вториот круг, кој во овој случај би се одржал на 12 јануари, ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најголем процент на освоени гласови. За победник во вториот круг од изборите се прогласува кандидатот кој ќе освои најмногу гласови во вториот круг.

