Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зоран Коњановски: Купуваме струја и на берзата, репреговарани договорите за увоз на јаглен
Економија

Зоран Коњановски: Купуваме струја и на берзата, репреговарани договорите за увоз на јаглен

03/10/2024

AA

Директорот за производство на АД ЕСМ, Зоран Коњановски, денеска на брифингот во РЕК Битола објави дека новото раководство останува да соработува со истите оператори за увоз на јаглен што ги договори минатата власт, но со подобрени услови.

– Фирмите се истите кои го носат увозниот јаглен. Оценивме дека во ваква ситауација со намален домашен ископ дека ќе биде голема штета да се распишува нов повик. Но, сега сулфурот во јагленот што го носат ќе биде помал од еден  процент и ќе прави помала штета на блоковите во РЕК Битола. Покрај тоа, со еден од операторите договоривме намалување на цената и 3,5 милиони евра ќе останат за нас, рече Коњановски.

Тој додаде дека од двата рудници за јаглен во Дуводол и Брод Гнеотино во моментов се вадат само околу 7.000 тони дневно.

– Тоа е доволно за само еден од трите блока. Таа количина е доволна за само еден блок дневно и ќе остане само уште нешто малку за вториот блок на дневна основа. Долгорочно ќе има повеќе јаглен, но тоа би било за некоја година. Прво во Суводол треба да се започне со работа на новиот блок што го пронајдовме оаде што има еден милион тони. Таму елсплпатацијата ќе започне до 20 ноември. Во Брод Гнеотоно дури сега го ставивме во функција клучниот багер, нешто што требаше да го направи претходното раководство. Тој ќе ја отстрани земјената покривка за да се дојде до нов јаглен, објасни Коњановски.

Во меѓувреме ЕСМ во недостиг на јаглен купува увозна струја од снабдувачи. Огласите на ЕСМ Продажба покажаа дека на два пати се купуваше електрична енергија за околу 4 милиони евра за две недели.

-Струја ќе продолжиме да купуваме преку ЕСМ Продажба со јавни набавки, но ќе откријам дека купуваме и струја од домашната берза ден однапред. Таму во вечерните часови цената е многу евтина, по 60 евра одмегаватчас. Зошто да го трошиме јагленот кога е тогаш ниска цената на берзата. Зборувам за месец септември, бидејќи од тогаш е дојдено на функција новото раководство, вели секторскиот директор на ЕСМ.

А.К.

Фото: Фактор

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy