Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зоки Фаци: Го прашав Бранко Црвенковски каков долен веш носи, така го кренавме шоубизнисот кај нас
Магазин

Зоки Фаци: Го прашав Бранко Црвенковски каков долен веш носи, така го кренавме шоубизнисот кај нас

16/01/2024

AA

Мелита Ракичевиќ, Зоки Фаци, Илина Арсова и Давид Давидовски во „Нешто конкретно“ на тема „Дали скромноста е доблест или маана“.

Познавајќи ги нашите гости и нивниот начин на живот публиката сигурно веднаш ќе пресуди дека тие се сосема нескромни, но во новото издание на нашата емисија ќе откриеме дека секој од нив има две страни, односно скромна и нескромна.

Зоран Василевски изјави дека започнал како скромно момче, но животот и работата која што ја работи го направила нескромен. „Особено кога го открив канцерот пред две години одлучив да не бидам скромен затоа што еднаш се живее и сега животот го живеам стотка на саат“, изјави тој.

Мелита Ракичевиќ е особено горда на својата кариера затоа што иако имала можност да добие помош од дома, таа својот бизнис го отворила со сопствени пари. Но сепак за себе вели: „Не можам да кажам дека сум скромна кога пијам скап шампањ“. Таа од самиот Зоки Фаци во емисијата доби признание дека она е виновникот за неговата успешна кариера.

Во емисијата ќе слушнете и за тоа како Илина Арсова успева да си организира патување на кое што ќе потроши помалку пари од некој што во Скопје троши за еден викенд. Таа е скромна во изгледот, но нексромна во амбициите, подвизите и целите. Првата Македонка која ги искачила највисоките врвови на седумте континенти за својата скромност ќе каже дека тоа потекнува од дома, од домашното воспитување, но секако голем удел во таа скромност има и планината.

Водителот Давид Давидовски нескромно си даде признание дека е најдобар шоумен, но затоа скромно призна: „Најдобар водител не сум, имам уште многу да учам“. За себе смета дека е „алфа мушкарац“, а не „транвестит како Боки“ како што го нарече тој.  

Еднo од најзабавните изданија на „Нешто конкретно“ со Снеже Велков сега можете да го погледнете и на YouTube.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy