Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗНМ СО ОСТРА РЕАКЦИЈА КОН СДСМ Јавните напади врз медиумите се опасни за демократијата
Македонија

ЗНМ СО ОСТРА РЕАКЦИЈА КОН СДСМ Јавните напади врз медиумите се опасни за демократијата

13/12/2025

AA

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро реагираше на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, оценувајќи дека јавното етикетирање и дискредитирање на медиумите од страна на политички субјекти е загрижувачко и штетно за слободата на изразување.

Од ЗНМ предупредуваат дека ваквите настапи можат да создадат притисок врз медиумите и да ја нарушат довербата на јавноста, што, како што наведуваат, е недозволиво во едно демократско општество.

– Политичките субјекти треба да се воздржат од јавни напади и дискредитација на медиумите. Таквите постапки можат да имаат ограничувачко влијание врз слободата на изразување и да ја поткопаат довербата во јавниот простор – реагираат од ЗНМ.

Во реакцијата се посочува дека доколку постои сомнеж за неетичко или непрофесионално известување, политичките партии имаат на располагање јасно утврдени саморегулаторни механизми, наместо јавни прозивки.

– Во конкретниот случај, СДСМ, наместо јавно да ги рецензира медиумите, требаше да ги искористи механизмите на саморегулација. Советот за етика во медиумите и Советот на честа постојат токму за институционално и аргументирано да се проверат вакви наводи – наведуваат од ЗНМ.

Од Здружението апелираат на одговорност и почитување на медиумските слободи, нагласувајќи дека притисоците и јавните дисквалификации не придонесуваат за подобрување на јавниот дискурс, туку напротив – го нарушуваат.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy