Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗНМ: Континуиран тренд на безобразни испади на државните функционери кон новинарите
Македонија

ЗНМ: Континуиран тренд на безобразни испади на државните функционери кон новинарите

06/02/2023

AA

Неколку дена по последниот испад кон новинар од страна на државен функционер, повторно се соочуваме со случај каде на прашање од новинарот Сенат Зулбеари упатено до министерот за здравство Беким Сали, тој наместо одговор, од министерот добива „куса лекција“ за новинарство.

Утрово во просториите на клиничката болница во Тетово, за време на прес конференција на која биле поканети новинари и сниматели, министерот за здравство Беким Сали како и директорот на клиничката болница во Тетово Амир Елези имаа непримерна комуникација и омаловажувачки однос кон дел од присутните новинари.

Во врска со прашање на новинарите поврзано со напади кон нив од страна на обезбедувањето на болницата, Сали наместо соодветен одговор кажа: „ Да бидеме реални, новинарството е со цел да се информира јавноста, има правила, етички е службено да се доставуваат прашања до надлежните во болницата или до министерот. Во моментот кога ќе влезете без предупредување и ќе направите снимки, третирате тема, сакате да направите истражување како што се правеше во Министерството за здравство, мислам дека тука наидувате на недоразбирања, а потоа има обвинувања и нема транспарентност. Транспарентноста треба да ја барате на вистински начин и ќе ја најдете.
Го снимаш лифтот, во делот на лифтот бараш и информација, нема информација поради неговиот пристап. Сфатете го како позитивна критика“.

Изминативе денови ЗНМ гласно алармираше за овој негативен тренд на непрофесионален однос кон новинари од страна на државни функционери што бележи пораст за кој што веќе ги известивме партнерските меѓународни организации.

Очекуваме извинување од министерот Сали кон новинарите и укажуваме дека државните функционери, се во служба на јавноста и тие не смеат да имаат непримерен и навредлив однос кон новинарите, а со тоа и кон целата јавност на која треба да и бидат пренесени информациите.

Ова е петтиот негативен испад на политичар кон новинарите и медиумските работници во период од два месеци што говори дека ова веќе не се изолирани инциденти туку станува негативен тренд на некоректен и омаловажувачки одност од страна на претставници на власта кон новинари.

Ваквиот тренд без сомнеж ќе има негативна оценка во извештаите на Европската комисија како и на останати кредибилни организации што ќе се одрази негативно и на индексите за слобода на изразување во кои Македонија бележеше пораст во изминатите години.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy