Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗНМ: Бараме извинување за јавните омаловажувања кон колегата Сабриоски објавени на Цивил Медиа
Македонија

ЗНМ: Бараме извинување за јавните омаловажувања кон колегата Сабриоски објавени на Цивил Медиа

13/04/2023

AA

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира и го осудува омаловажувачкиот однос и нападот кон новинари на лична основа во објавата на Civil Media со наслов: ,,Медиумите на кратко јаже со центарот на лагите”.

Во колумната авторот на текстот Љубомир Костовски, на непристоен начин го коментира личниот изглед и стилот на облекување на новинарот од ТВ24 Сунаи Сабриоски, а притоа прави обид за негова дискредитација и на медиумот во кој тој работи.


Укажуваме дека слободата на изразување потребно е да се промовира и негува како една од најважните човекови права, но истовремено потребно е да се знае дека остварувањата на овие слободи вклучуваат обврски и одговорности. Неспорно е правото на јавна критика, но критика на физички изглед или стил е крајно омаловажувачко и непристојно. Освен ова, Костовски во својата објава додава:  „Другите телевизии даваа граѓани кои едноставно оделе во Тинекс и други шопинг центри каде цените – јасно кажаа – се замрзнати. Е, тоа е разликата која чисто покажува дека ТВ 24 е најизразениот идеолошки јаничар на овдешната ТВ сцена“.

Објавување на ваков тип на содржина за колегата Сабриоски но и користење на ваков вокабулар кон било кој медиум, може да поттикне говор на омраза од страна на трети лица. Омразата директно може да ја загрози безбедноста на новинарите и останати поединци со што кривична одговорност освен сторителите имаат и оние кои ги поттикнале делата од омраза.


Уредничкиот тим на овој медиум, не смее да се затскрива зад правото на став и колумна на своите соработници и тие имаат обврска да укажат кога со одредени написи може да се загрозат туѓи права како што е во случајов правата на колегата Сабриоски, но и правата на потенцијално други медиумски работници од оваа телевизија.

Оттука, го повикуваме авторот на текстот Љубомир Костовски и уредникот на онлајн медиумот Civil Media јавно да се извинат на колегата од ТВ24 Сунаи Сабриоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Малолетник удрен од возило во с. Балиндол, возачот избегал!

13/04/2026
Македонија

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица

13/04/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале

13/04/2026
Македонија

„Неприфатливо“: Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската

13/04/2026
Македонија

ЗНАМ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МАЃАР ЗА ПОБЕДАТА Уверени се дека

13/04/2026
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42425
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Малолетник удрен од возило во с. Балиндол, возачот избегал!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 20:10 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека во Медицинскиот центар- Гостивар бил донесен малолетник од с.

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица тешко повредени!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 12:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с. Одри,

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале возачка дозвола

13/04/2026

Полицијата приведе 10 возачи за безобѕирно управување возило во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата. Од нив,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy