
Знам што направив – момчето не се кае за масакрот
Момчето oд Белград не се кае за злосторството што го направи. На полицијата кажал што и како планирал, вели извор на „Блиц“ запознаен со случајот. Тврдел дека знае што направил. Момчето рекло дека убило најмалку 8, а најмногу 25 луѓе.
Според медиумот, Коста Кецмановиќ (13) кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ сам направил молотови коктели кои ги носел во ранецот.
„Татко му го носеше на стрелиште, многу вежбаше и се виде дека е многу вешт штом го застрела чуварот од 14 метри“, додава изворот за „Блиц“.
Коста пријавил врсничко насилство во школото пред две години, кога бил петто одделение.
„Пријател од групата го удрил, по што му пукнала усната, реагираа од Центарот за социјална работа, Тиршова потоа напишала извештај и родителите биле повикани на разговор. Тоа е единственото насилство пријавено врз Коста“, додава анонимниот извор.
Посочува и дека Коста подолго време одел на посета кај психолог. Родителите се уапсени. Момчето уби 9 луѓе и рани 6. Србија прогласи тридневна жалост.

