Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗНАМ ПРЕДЛАГА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА СО ИЗБОРЕН ПРАГ ДО 3 ОТСТО Да се намали бројот на пратениците на 90
Македонија

ЗНАМ ПРЕДЛАГА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА СО ИЗБОРЕН ПРАГ ДО 3 ОТСТО Да се намали бројот на пратениците на 90

27/02/2026

AA

ЗНАМ се залага да се воведе една изборна единица со изборен праг од 2 до 3 проценти, со што ќе се овозможи правична застапеност и на помалите политички субјекти и на независните пратенички листи, рече потпретседателката на движењете ЗНАМ, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство.

Таа ја потврди заложбата на ЗНАМ за суштински и системски измени на изборниот модел во Македонија.

– Една изборна единица, всушност, беше и барање во одлуката на Уставниот суд – истакна Бендевска.

Таа нагласи дека цврст став на ЗНАМ е да се намали бројот на пратеници во законодавниот дом на 90, бројка што, како што посочи, ќе соодветствува на реалната големина на популацијата во државата.

– Го афирмирам односно реафирмирам ставот на Движење ЗНАМ за намалување на бројот на пратеници на 90 со што ќе се придонесе за рационализација на трошоците, материјални, финансиски и човечки, и ќе значи значителна придобивка за Буџетот на државата. Воедно, ќе се добие пофункционално, поефикасно и поконсолидирано законодавно тело, кое ќе биде во служба на побрз, поквалитетен и посериозен законодавен процес – потенцираше Бендвска.

Во врска со гласањето на дијаспората, таа потсети дека воведувањето на ваквиот модел беше проследено со зголемување на бројот на пратеници на 123, што, како што нагласи, отвори низа прашања за финансиската оправданост и за ефикасноста на изборниот процес во странство.

– Сведоци сме колку чини изборната постапка која подразбира испраќање избирачки одбори во дијаспората, при што бројот на гласачи во повеќе случаи не соодветствуваше со првичната намера и очекувањата – вели Бендевска.

ЗНАМ ќе продолжи да се залага за изборен модел што гарантира еднаква вредност на секој глас и институции што работат ефикасно, транспарентно и во интерес на граѓаните на Република Македонија, соопшти паријата.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Блокирана патеката на Матка поради сериозна опасност од

27/02/2026
Македонија

РАБОТИМЕ ПО СТАНДАРДИ КОИ СЕ ПОСТРОГИ ОД ЗАКОНСКИТЕ Усје порачува

27/02/2026
Македонија

АКАДЕМСКИ БУНТ: Професори од три универзитети бараат ревизија на новиот

27/02/2026
Македонија

ЗНАМ ПРЕДЛАГА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА СО ИЗБОРЕН ПРАГ ДО 3

27/02/2026
Македонија

Одбраната во „Пулс“ бара ревизија на обвинението и ослободување на

27/02/2026
Македонија

АХВ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КРИВА ПАЛАНКА: Почнете да го почитувате

27/02/2026
Македонија

РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ЈА ОДЛОЖИ КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА Дел

27/02/2026
Македонија

Како преку паметен избор на снабдувач со струја да заштедите

27/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Блокирана патеката на Матка поради сериозна опасност од одрони

27/02/2026

Од вчера (26 февруари) стапува во сила целосна забрана за движење по планинарската и пешачката патека кон кањонот Матка. Причината

РАБОТИМЕ ПО СТАНДАРДИ КОИ СЕ ПОСТРОГИ ОД ЗАКОНСКИТЕ Усје порачува дека се грижат за околината

27/02/2026

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од 7 децении, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и за

АКАДЕМСКИ БУНТ: Професори од три универзитети бараат ревизија на новиот Закон за високо образование –

27/02/2026

Професори од три универзитети – Универзитетот во Тетово, Универзитетот на Југоисточна Европа (Штулов) и Универзитетот „Мајка Тереза“ – излегоа со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy