Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ЈА ОДЛОЖИ КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА Дел од пратениците побарале материјалите да се преведат
Македонија

РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ЈА ОДЛОЖИ КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА Дел од пратениците побарале материјалите да се преведат

27/02/2026

AA

Поради технички причини денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство е одложена за следната недела, информира Министерството за правда.

Министерот за правда Игор Филков изјави дека членовите на работната група не се впуштиле во материјална расправа, затоа што прво треба да се утврди дневниот ред.

– Иако денеска требаше да биде одржана првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборно законодавство на која требаше да се избере претседател како и да се донесе предлог-деловник за утврдување на методологијата и динамиката на работење, сепак тоа не се случи поради одредени јазични бариери. Дел од присутните претставници на политичките партии побараа материјалите да бидат преведени за полесно да можат да се разберат – рече министерот Филков.

Министерот за правда Игор Филков се надева дека следната недела членовите ќе се усогласат за термин, ќе се избере претседател на работната група и ќе се почне со работа и сите ќе имаат можност да ги дадат своите предлози и сугестии за реформите во изборното законодавство.

ЕВЕ КОИ ПРАТЕНИЦИ ЌЕ РАБОТАТ НА НОВИОТ ИЗБОРЕН ЗАКОНИК Целта е законското решение да биде готово до јуни

 

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy