
Знам дека промената на Уставот не е едноставна работа, но така ќе се ослободи патот на Северна Македонија кон ЕУ, рече германскиот канцелар Олаф Шолц
„Германија сериозно ја сфаќа ЕУ перспективата на државите од Западен Балкан, а за Северна Македонија тоа важи посебно. Имаме голема почит кон македонскиот јазик, историја и големите напори кои ги вложува со реформи кон ЕУ“, рече на прес конференција германскиот канцелар Олаф Шолц.
Тој се осврна и на Уставните промени кои треба да се направат во македонското Собрание.
„Сега од центрапно значење е промената на Уставот. Од тој успех зависат многу нешта. Знам дека не е едноставен чекор но потребен за продолжување на пристапниот процес кон ЕУ. Сакам да ја охрабрам Северна Македонија да продолжи по патот на реформите со своите заложби, реформите не се апстрактно барање туку сега имаат сосема конкретни влијанија врз граѓаните. Исто важи и за берлинскиот процес за шесте земји до Западен Балкан, блиску да соработуваат на заедничкиот пат кон ЕУ“, додаде Шолц.

