„Знам дека дојдовте по Ѓоковиќ, но благодарам што ме гледавте и мене“
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка беше расположена за шега откако се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос.
Таа со скандал во мрежата на крајот од мечот ја елиминира Украинката Елина Свитолина со 6:4, 6:4.
Таа ја пофали публиката, атмосферата, а го спомена и Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер.
„Таа (Свитолина) е многу тежок противник, одлично се движи. Очекував тежок натпревар и презадоволен сум. Тоа е фантастична атмосфера, ви благодарам на сите. Знам дека сите го чекате Новак, но ви благодарам што ме гледавте“, изјави Сабаленка по натпреварот.
Таа зборуваше и за нејзината игра.
„За мене е важно да се фокусирам на мојата игра, тоа е клучот за мојата игра. Ги играм моите потези кога можам, без разлика на резултатот. Се зависи во текот на натпреварот, можете да промените некои работи“, заклучи Сабаленка.
Белорусинката во полуфиналето ќе игра против Чехинката Каролина Мухова.
Also Sabalenka:
“The atmsophere was amazing. Thank you so much for being here and supporting us.
“We all know that you are waiting for Novak but I’ll take it like it’s for me!”
— The Tennis Podcast (@TennisPodcast) June 6, 2023