Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗНАМ бара коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ јавно да се огради од изјавата на пратеникот и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски
Македонија

ЗНАМ бара коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ јавно да се огради од изјавата на пратеникот и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски

12/12/2025

AA

Движењето „За наша Македонија“ побара ВМРО-ДПМНЕ јавно да се огради од изјавата на пратеникот и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски, кој изрази сомнеж за работењето на министерот за правда Игор Филков од редовите на ЗНАМ.

Милошоски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека доколку тој би бил премиер, Филков повеќе не би бил на министерската позиција. Тој посочи дека забележал пониски перформанси на министерот во спроведувањето на Реформската агенда во делот на правосудството.

„Сметам дека има одредено потфрлање, но времето ќе покаже. Моето мислење сум го споделил со другите членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и со претседателот на партијата. Доколку јас би бил мандатар, актуелниот министер за правда не би бил министер за правда повеќе“, изјави Милошоски.

Од „За наша Македонија“ оценуваат дека Милошоски е последниот кој може да држи лекции за правосудни стандарди. „Добро е да потсетиме дека за среќа на сите, тој не е премиер, ниту бил, ниту ќе биде“, рече потпретседателот на ЗНАМ, Павле Арсоски.

Арсоски истакна дека министерот Филков во изминатите 18 месеци подготвил 28 закони, со особено внимание на оние од Реформската агенда, од кои повеќето веќе се доставени до Владата и се во владина процедура.

„Перцепцијата во јавноста треба да ја почитува работата на министерот и неговиот тим. Законите се подготвени, а прашањето за брзината на постапката треба да се упати кон Владата и премиерот Мицкоски, а не кон ЗНАМ“, додаде Арсоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ 140 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ

21/09/2026
Македонија

„КАДЕ СЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ, ТАМУ Е И ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА“

21/09/2026
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
Македонија

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА

21/09/2026
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“

21/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45714
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ 140 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ НА ЕУ Успешно спроведени дел

21/09/2026

Австрискиот амбасадор во земјава Мартин Памер најави дека Македонија ќе добие 140 милиони евра во рамки на Планот за раст

„КАДЕ СЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ, ТАМУ Е И ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА“ Мицкоски на средба со македонската

21/09/2026

Во рамки на посетата на САД, македонскиот премиер Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, вчера присуствуваше

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници е јасен, СДСМ ја замајува

21/09/2026

Со измените во Законот за пратеници се забранува пратеник да има двојно државјанство, такашто лагите на СДСМ се демантираат. СДСМ

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy