
ЗНАМ ја поднесе кандидатурата на Мирослав Лабудовиќ за Градоначалник на Општина Центар и листата за советници во Советот на Град Скопје
Движењето ЗНАМ денеска ја поднесе кандидатурата на Мирослав Лабудовиќ за градоначалник на Општина Центар, како и листата на кандидати за Советот на општината.
„Центар заслужува ред, чистота и безбедност. Овој хаос мора да запре – ќе ослободиме простор, ќе го исчистиме, ќе го озелениме и ќе го вратиме детскиот џагор во маалата. Знаеме како!“, изјави Лабудовиќ, благодарејќи се на ЗНАМ и на ВМРО-ДПМНЕ за поддршката.
ЗНАМ најави визија за системски решенија и подобар живот во Центар, со акцент на:
повеќе зелени површини и чиста средина,
решенија за сообраќај и инфраструктура,
безбедни и чисти маала,
враќање на јавниот простор на граѓаните.
Истовремено, во Градската изборна комисија беше поднесена и листата за Советот на Град Скопје. Носител е генерал Горанчо Котески, поранешен началник на Генералштабот на АРМ, кој порача:
„Влегуваме чесно, со план и визија. Скопје мора да стане функционален, организиран и чист град – а ние знаеме како тоа да го постигнеме.“
