
ЗНАЕТЕ ЛИ КОЈ БИЛ ЧОВЕКОТ ОД ИЗРЕКАТА „ШИО МИ ГА ЃУРА“ – вистината е дека не бил измислен лик, а еве какво значење имал порано за богатите белграѓани
Речиси и да нема човек што барем еднаш во животот не го употребил изразот „Шио ми га Ѓура“, што се користи кога сакаш да кажеш дека не веруваш во нешто, дека нешто „некогаш“ ќе се случи и на крајот дека баш и не ти е гајле.
Кој беше овој Ѓура? Вистината е дека тој не е измислен лик.
Во 1889 година, Ѓура Јаношевиќ основал кројачка работилнница на улицата Кнез Михаилова во Белград.
Негови муштерии биле богати белграѓани кои сакале костуми кои совршено стојат, како да се лиени, не отстапувајќи ни милиметар од идеалот за нивното тело. А Ѓура знаел сето тоа да го скрои. Гордиот сопственик на ново одело се шеташе низ градот, а кога познаниците ќе го прашаа каде го купил, тој уште погордо одговараше: „Ми го соши Ѓура!“.
Сепак, не секој можеше да си ги дозволи оделата на Ѓура, а имаше сè повеќе луѓе кои велеа дека Ѓура им ги сошил, па со текот на времето изразот стана популарен за нешто што е малку веројатно, како реакција на неубедливото објаснување…
Курир бизнис

