
Значително закрепнување на ранетите во двете масовни престрелки во Србија, двајца се уште се во тешка состојба
Министерката за здравство Даница Грујичиќ за РТС изјави дека повеќето од повредените во двете масовни престрелки во Србија значително закрепнуваат, но дека двајца пациенти се уште се во тешка состојба. Таа истакна дека никој од нив не сака медиумско внимание, поради што побара од медиумите да ги остават да закрепнат.
Поминаа 17 дена од масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, како и уште една трагедија во селата околу Младеновац и Смедерево. Даница Грујичиќ, гостинка во Јутарњи дневник, дека момчето повредено во пукотницата што се случи во училиштето и младиот човек ранет кај Младеновац се уште се во тешка состојба.
Министерката изјави дека момчето покажува знаци на закрепнување, нагласувајќи дека никој од повредените не сака медиумско внимание и дека треба да закрепнат и да продолжат со животот.
Грујичиќ потсети дека за поддршка на граѓаните и повредените прв реагирал Институтот за ментално здравје, како и другите психијатриски установи во Србија.
„Психијатри и психолози ги посетија овие луѓе за да им ја дадат потребната поддршка за нивната душа. Телото ќе се опорави, но она што е важно е закрепнувањето на душата. Не смееме да го занемариме духовниот аспект на личноста“, изјави министерката.
Според неа, потребно е да се ангажираат повеќе психолози во институциите, како што се училиштата, бидејќи еден не е доволен. „Мораме да ги промениме нормите бидејќи работите се целосно променети. Постојат различни пристапи и во разговорот и третманот, технологијата се менува. Министерството за здравство работи на ова. Тоа е работа што не може да се види, но која ќе значи многу за пациентите и лекарите“, рече таа.
Грујичиќ зборувајќи за лековите „оф етикета“ рече дека тие сега станале подостапни. „Лековите регистрирани за една болест делуваат и за друга. Досега не можеше да се дадат во државни институции. Ако сега лекарскиот совет одлучи дека терапијата е најдобра за пациентот, нека чини колку чини“, вели министерката и додава дека државата не може да плаќа за експериментални лекови.
